Бизнис

Нов раст на услугите: До кога ќе плаќаме скапо кафе и храна по локалите?!

Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври 2025 бележат раст од 0.2 %, а во споредба со ноември минатата година има зголемување за 4.1 %.

Цените на угостителските услуги во периодот јануари – ноември годинава во однос на истиот период лани се зголемени за 5.0 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.2 %, објави Државниот завод за статистика.

Цените на угостителските услуги во ноември во однос на октомври 2025 бележат раст од 0.2 %, а во споредба со ноември минатата година има зголемување за 4.1 %.

И пред извесно време пак имаше раст на цените. Колку за потсетување, цените на угостителските услуги во октомври 2025 година во однос на истиот месец од претходната година сe зголемени за 3.9 %. Тогаш, цените на угостителските услуги во периодот јануари – октомври 2025 година во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 5.1 %, додека во однос на декември 2024 година зголемувањето е 2.1 %.

Најнови вести од: Бизнис

Цената на нафтата надмина 100 долари за барел

Новите случувања дополнително ги засилија стравувањата за безбедноста на Ормускиот теснец, преку кој се транспортира околу една петтина од светската потрошувачка на нафта, што дополнително ги поттикна цените на светските пазари.

Ристески пред средбата со трговците и дистрибутерите: Нема да толерираме профитирање на грбот на граѓаните

Заменик-министерот за економија и труд информира дека на средбата со производителите, трговците и дистрибутерите, меѓу другото, ќе бидат презентирани анализите на ДПИ во однос на движењето на цените на основните прехранбени производи. Во овој контекст, повтори тој, нема да се толерира некоректно однесување.

Синдикалната минимална кошница за јуни тежи 68.654 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни 2026 година изнесува 68.654 денари, што е намалување за 88 денари во споредба со мај, кога за покривање на основните месечни трошоци на едно домаќинство биле потребни 68.742 денари.

To top