Македонија

Дрска провокација на Сила: Протестот во Скопје ќе се одржи со, или без поддршка од институциите на РСМ! – Не го поканивме Мицкоски да присуствува!

Дали потпретседателот на Организацијата на ветерани на УЧК од меѓународниот протекторат Косово Газменд Сила смета дека Република Македонија не е суверена држава, па си дозволува и тој и неговите содејци од нивната организација да организираат протест во држава, која нема никаква врска со нивните мотиви, поради кои сакаат да протестираат?! Или тие си мислат дека веќе можат да доаѓаат во главниот град на Македонија да протестираат, „со или без поддршка и дозвола на нејзините институции“, бидејќи ја добиле „главната дозвола и согласност“ на еден опозициски политичар и лидер на партија – Али Ахмети на ДУИ, кој не е никаков фактор да одлучува за такво нешто?!

„Протестот во Скопје на 13 декември за поддршка на водачите на косовската УЧК, на кои им се суди во Хаг, ќе се одржи со, или без поддршка од институциите на С.Македонија! Неправедно е да спречува овој протест, бидејќи е тоа универзално право, кое не треба да се политизира под никакви околности. Премиерот Мицкоски е против неговото одржување, но ние не не го поканивме да учествува на овој протест, кој го договоривме со Али Ахмети и неговите соборци во С.Македонија. Изјавата на Мицкоски е слична на изјавите на Љупчо Георгиевски во 2001 година, тогашниот премиер!“ – оваа дрска изјава со призвук на отворена провокација ја даде Газменд Сила на денешната прес-конференција.

Во својата информација за прес-конференцијата на Сила ТВ Шења објави: Сила најави дека петтиот по ред протест за поддршка на поранешните водачи на УЧК, кои се притворени во Хаг, ќе се одржи на 13 декември во 13 часот на плоштадот Скендербег во Скопјe. Ова беше објавено за време на прес-конференција на која, меѓу другото, тој рече дека „овој протест е договорен со Али Ахмети и неговите поранешни соборци во С.Македонија“.

Како што рече Сила, иако поднеле барање до надлежните органи за користење на просторот за одржување на овој протест, сè уште не добиле официјален одговор. Тој нагласи дека „протестот ќе се одржи со, или без поддршка од институциите на С.Македонија“. „Го најавивме протестот и тој ќе се одржи, со или без поддршка, неправедно е што бевме спречени да го одржиме протестот. Тоа  се универзални права, не треба да се политизираат под никакви околности.“ – посочи Сила. Тој ги покани граѓаните да се приклучат на протестот, додавајќи дека „тоа е барање на соборците во С.Македонија“. 

Вчера премиерот на Македонија Христијан Мицкоски го опиша протестот како „погрешен потег“. „Не ја поддржувам оваа идеја и не се согласувам со овој потег. Убеден сум дека ниту Вреди  нема да го поддржи.“ – нагласи Мицкоски.

Запрашан како ги коментира изјавите на Мицкоски, потпретседателот на Организацијата на ветерани на УЧК на Косово Газменд Сила одговори: „Ние не го поканивме да учествува на овој протест. Право да кажеме, ова е слично на изјавите на Љупчо Георгиевски во 2001 година, тогашниот поранешен премиер!“

Ова ќе биде петтиот протест по ред за поранешните водачи на косовската УЧК, по  протестите во Приштина, Хаг, Тирана и Стразбур. – објави ТВ Шења.

Најнови вести од: Македонија

Македонија намерно се самоблокира, смета бугарскиот новинар од (не)славното интервју на Заев

Кога доброволно се повлекувате, откако Кошта и Фон дер Лајен ќе ви кажат што да правите, се поставува прашањето: со што се пополнува овој вакуум, резонира сопственикот на агенцијата БГНЕС

По средбата со Јотова, Сиљановска Давкова: Не се во прашање само уставните измени, туку и протоколите

Претседателката по средбата со Илијана Јотова во Софија изјави дека за напредок на земјава кон ЕУ не се поставуваат само условите од францускиот предлог, туку и дополнителни барања поврзани со работата на историската комисија

Почина Драги Данев – првиот ректор на УКИМ во самостојна Македонија

Данев е роден во Штип во 1942 година, а докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Кариерата ја започнал во индустријата, а подоцна се посветил на академската работа, каде што станал редовен професор и автор на над 150 научни трудови и повеќе учебници од областа на машинството

To top