Македонија

Свечена академија по повод „Св. Климент Охридски“ под покровителство на претседателката Сиљановска-Давкова

Празникот Св. Климент Охридски е државени важи за еден од значајните датуми во македонскиот културен и духовен календар

Во пресрет на празникот посветен на Свети Климент Охридски, вечерва во Музејот на македонската борба ќе се одржи свечена академија под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Свечениот настан ќе започне со официјално обраќање на претседателката, закажано за 18:30 часот.

Утрешното одбележување продолжува со традиционалното положување цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски во дворот на НУБ „Св. Климент Охридски“. Настанот ќе започне во 11:30 часот, а свое учество ќе имаат делегации од Кабинетот на Претседателот, Собранието, Владата, Армијата, МПЦ-ОА, како и претставници на државни институции, дипломатски претставништва и политички партии.

Празникот Св. Климент Охридски е државен празник и важи за еден од значајните датуми во македонскиот културен и духовен календар.

Најнови вести од: Македонија

Стопанската комора бара посебен статус за транспортерите – нивно изземање од шенгенските ограничувања

Посебен статус за професионалните возачи и нивно изземање од шенгенските ограничувања што важат за туристите предлага Стопанската комора како решение за проблемот со македонските транспортери.

Мисирков: Македонците да имаат македонско гледиште, одделувајќи ги своите интереси од интересите на Бугарија – „лошиот демон за Македонија“!

„Бугарската надворешна политика е главниот извор на сите наши несреќи. Затоа не може и да се зборува за некакви арнотии од Бугарија за Македонија. … Македонци! Време е да се убедиме оти лошиот демон за Македонија не е никој друг освен Бугарија. Ете зошто треба час поскоро да си ги одделиме нашите интереси од бугарските..“ – нагласува авторот на „За македонцките работи“ Крсте Мисирков во својот реферат со наслов „Имат ли се нужда од македонцки национални научно-литературни другарства?“, кој го изнесува на денешен ден, на 28 септември 1903 година во Македонското научно-литературно другарство „Св. Климент“ во Санкт Петербург (тогаш Петроград). Тогаш идеологот на македонизмот Крсте Мисирков најдиректно ја формулирал идејата дека македонското прашање мора да има сопствен македонски глас. Истапувајќи на денешен ден пред 123 години како национален мислител од највисок ранг тој се залага Македонија да не биде предмет на туѓи политики, а Македонците сами да ја одредуваат сопствената национална и политичка позиција на Балканот – вонвременски завет и предупредување од исклучително значење во ова „евроинтеграциско време-невреме“ за македонскиот народ.

To top