Македонија

Таравари: Поддршка за лидерите на УЧК на кои им се суди во Хаг

Ги повикува сите Албанци масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe

Лидерот на едно од крилата на Алијанса за Албанците соопшти дека го поддржува протестот организиран во, како што велат, одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна и водачите на ОВК , кои се притворени во Хаг.

„Во овој важен момент за националното достоинство, ги повикуваме сите Албанци, без оглед на политичките убедувања, масовно да се приклучат на протестот што ќе се одржи на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe.

Нашиот заеднички глас мора јасно да се чуе во одбрана на правдата и вистината за ослободителната војна, најчистата и најправедната војна што ја водеше албанскиот народ за слобода“, порачуваат од таборот на Таравари.

Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.

Градоначалникот на Чаир и еден од лидерите на ВРЕДИ, Изет Меџити рече дека во принцип го поддржува протестот и како   градоначалник на општината каде протестот треба да се оддржи, рече дека ќе даде согласност за негово одржување.

Сепак, нејасно е дали Меџити ќе присуствува на протестот, пренесува Плусинфо

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека е погрешен потег на лидерот на ДУИ, Али Ахмети што го најави протестот. Мицкоски изјави дека смета оти Ахмети треба да ја преиспита таа одлука.

Најнови вести од: Македонија

Петрушевски: Владата нема да прифати ниеден илегален мигрант, ниту постои план за изградба на шатори, кампови или центри

„Идеолошка профилација на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија е дека апсолутно сме за борба против илегалната миграција, а не за либерализација на мигрантите, нешто што било својствено за одредени политички партии. Ние апсолутно немаме никаква намера да прифатиме никакви илегални мигранти. Апсолутно е лага дека ќе се градат било какви шатори, кампови, центри. Ова прашање е регулирано и во Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија.“ – нагласи пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Бране Петрушевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

To top