Македонија

Милошоски: Нема мигранти, туку „партиски мигранти“ – бегалци од СДСМ, кој манипулира со темава, за да ги прикрие внатрешните проблеми!

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски изјави во емисијата „Само интервју“ на ТВ Канал 5 дека не постои никаков документ, барање, или тема, наметната од Велика Британија во врска со мигранти и оти би било целосно одбиено такво барање, ако постои. „Јавноста може да биде спокојна. Ниту постои барање, ниту ќе се прифати било какво барање за мигранти. Темата е политичка манипулација на СДСМ, за да ја покрие внатрешната слабост и празнина: нема кадар, нема идеи, нема луѓе за расправи.“ – нагласи Милошоски.

Антонио Милошоски посочи дека дека во Македонија не постои проблем со мигранти и, според него, СДСМ ја отвора темата манипулативно за да ја прикрие партиската слабост и одливот на кадри. „Македонија и Британија имаат потпишано договор за инвестиции, за соработка и за проекти. Нема ниту од една страна тема, што опфаќа мигранти. Тоа е тема со која полесно може да се манипулира.“ – укажа Милошоски, додавајќи дека СДСМ ја злоупотребува.

Тој истакна дека претседателот на СДСМ Венко Филипче се соочува со сериозни внатрешнопартиски проблеми, како што рече, особено со, „партиски мигранти“, кои заминуваат во други политички опции. „Филипче се соочува со свои партиски мигранти, кои им бегаат, затоа што гледаат дека СДСМ ја губи влијателноста, што ја имала пред 5, или 10 години. Сега го советуваат оваа тема да ја искористи за покривање.“ – рече Милошоски.

Како дополнителна аргументација тој наведе дека е во Македонија многу мал бројот на лица, кои имаат статус како бегалци, или азиланти. „Вкупно 14 лица имаат добиено статус на бегалец: девет од Косово, три од Конго и двајца од Сирија. Истовремено, 4 членови на извршниот одбор на СДСМ си поднесоа оставка. Симптоматично, но можеби случајно.“ – нагласи Милошоски.

Тој рече дека очекува оваа тема да се користи од страна на СДСМ уште извесен период, до февруари или март вгодина, по што, според него, ќе исчезне од средиштето на вниманието. 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top