Македонија

Предлог-Законот за Судски совет едногласно го помина првиот собраниски филтер

Со поддршка и од опозицијата

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија ја усвоија потребата од донесување на новиот Предлог Закон за Судски совет кој претставува основа за суштинска реформа во правосудството. Предлог законот доби поддршка од сите членови на комисиите, вклучително и од опозицијата.

Министерот за правда , Игор Филков образложувајќи ја потребата од носење на законот истакна дека со него се поставуваат темелите на независна и функционална судска власт, што е предуслов за владеењето на правото.

„Денеска почнуваме со сетот реформски закони – нешто што сме го ветиле на изборите и го испорачуваме пред граѓаните.Постоечкиот закон од 2019 година, според сите релевантни анализи – Европската комисија, Стејт департментот, експертската јавност и граѓанскиот сектор укажаа на сериозни недостатоци:

-Недоволна транспарентност при избор и разрешување на судии,

-Можност за политичко влијание,

-Нејасни критериуми за избор и оценување на судиите,

-Неефикасни механизми за утврдување одговорност на членовите на Советот и на самите судии, што често во минатото доведуваше до кочење на работата на Советот, проследено со немили сцени во јавноста што секако влијаеше на кредибилитетот и интегритетот на самата институција,рече министерот Филков.

Овие слабости, како што посочи министерот, ја наметнале потребата од целосно редефинирање на положбата, надлежностите и критериумите за работа на Судскиот совет, со јасна цел – враќање на довербата во правосудството.

-Со овој закон во Министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес. Фокусот на изготвувањето на законите е, донесување на квалитетни законски решенија – нешто што досега не било пракса во Министерството за правда, потенцира министерот за правда Игор Филков.

Клучни новини во предложениот Закон се:

-Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,

-За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.

-Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,

-Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,

-Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,

-Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,

-Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и

-Бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ.
Министерството за правда спроведе транспарентен процес на изработка на законот:

-Експертска оценска мисија на Европската комисија (септември–декември 2023),

-Јавни консултации низ државата (ноември–декември 2024),

-Работна група составена од експерти, судии, членови на Советот и граѓанскиот сектор (2025),

-Објавување на нацрт-законот на ЕНЕР и разгледување на сите пристигнати коментари,

-Комплетна интеграција на препораките на Венецијанската комисија (јуни 2025).

Предлог Законот за Судски совет ќе се најде на дневен ред на собраниска седница на 16 декември.

Најнови вести од: Македонија

Ахмети: Не протестираме против државата Македонија, туку за слободата на ексводачите на косовската УЧК, на кои им се суди, иако се невини

Али Ахмети имаше дадено „лично“ „согласност“ за одржувањето на денешниот протест „за правда за поранешните водачи на косовската УЧК“, на кои инаку им се суди во Хашкиот трибунал, како осомничени дека извршиле воени злосторства врз цивилно население во 90-тите години од минатиот век. Реагирајќи околу вмешувањето на Ахмети во овој протест, истакнати политички аналитичари-Албанци од Македонија и од регионот, чии ставови веќе ги пренесе редакцијата на „Експрес“, претходно укажаа дека лидерот на ДУИ, кој доживеа не само изборен дебакл, туку и политички потоп, наместо да поднесе оставка, реши политички да го злоупотреби овој протест, во обид да го сопре вртоглавото урнисување на својот политички рејтинг меѓу неговите сонародници во Македонија. Неби Мерсели реагираше жестоко, критикувајќи го Али Ахмети дека „наместо да поднесе оставка, се претставува и натаму како командант на УЧК, па уште и продолжува да говори против Хашкиот трибунал, претставувајќи се и како господар на протестот во Скопје“!

Митева: Македонија не смее назад, нападот на СДС врз слободните медиуми мора да биде осуден

Како човек кој секојдневно е во директна комуникација со Вас, медиумите и новинарите, чувствувам обврска јавно да реагирам. Премолчувањето во вакви ситуации би значело дека се откажуваме од одговорноста што ја имаме кон јавниот интерес и медиумската слобода.

Стефковски и Ѓорѓиевски садеа дрвца во Парк шумата Гази Бабa: Пошумуваме каде што гореше

Во рамки на акцијата биле засадени вкупно 1.500 медоносни садници од видовите јасен, багрем и јавор, кои имаат големо значење за подобрување на квалитетот на воздухот, збогатување на биодиверзитетот и поддршка на пчелниот фонд

Ангелов: Сите припадници на УЧК кои извршиле воени злосторства мора да одговараат

Злосторствата не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели и апсурдно да се бара ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела опфатени со меѓународното хуманитарно право

To top