Македонија

Таравари: „Ние сме навикнати да ја напуштаме владата“

Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, изјави лидерот на едно од „крилата“ на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на вчерашното на отворањето на изборниот штаб за локалните избори […]

Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, изјави лидерот на едно од „крилата“ на поделената Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, на вчерашното на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште.

Таравари, кој е ектуелен министер за здравство, најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена, а на разговорот со премиерот Христијан Мицкоски лично ќе му го соопшти тоа.

Во образлозложението за веќе извесното напуштање на владината коалиција, Таравари вели дека „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.

Според него, Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ.

„Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата“ рече Таравари.

Додаде уште дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

Најнови вести од: Македонија

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top