Македонија

Екс-„УЧК“ ги предупредува „соборците“ да не доаѓаат на протест во Скопје, оти полицијата е „должна да ги апси, ако се на потерници на Европол“!

„Претпочитаме нашите борци на УЧК да не тргнуваат на пат кон Скопје, бидејќи немаме гаранции. Дури и да го побараме тоа, не е можно државата С.Македонија да даде гаранции кога сте на списоците на Европол. Автоматски, кога вашата лична карта ќе биде внесена во базата на податоци на граничната полиција и ќе се покаже дека сте барани, полицијата има обврска да ве уапси. Затоа им кажуваме на нашите соборци да не учествуваат на протестот во Скопје. Има многу граѓани кои ќе учествуваат.“ – истакнува „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ во своето соопштение, едновремено и предупредување до нивните поранешни „соборци од УЧК“ од Косово. Ова го објави ТВ Алсат.

ТВ Алсат наведува: „Организацијата на воени ветерани-УЧК“ објави дека учеството на утрешниот протест во Скопјe е доброволно и оти „досега не се дадени гаранции за слобода на движење меѓу Косово и Македонија“.

Во своето соопштение „ветераните на УЧК“ наведуваат: „Заминувањето е доброволно и веруваме дека ќе имаме разбирање од нашите соборци за создадените околности. Овој настан е порака до меѓународната заедница и очекуваме разбирање од институциите на С.Македонија, која е членка на НАТО“.

Оваа организација посочува дека „протестот е мирен и има за цел да изрази незадоволство, поради судскиот процес во Специјализираниот трибунал во Хаг“.

Според неа, „утре на протестот во Скопје ќе се приклучат и граѓани од Приштина и Тирана“.

Најнови вести од: Македонија

АВМУ со реакција за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува сериозна загриженост за нападите, омаловажувањата и смртните закани упатени кон новинарот на Канал 5 Телевизија, Александар Видиновски, по неговата објава на социјалните мрежи во врска со непрописно паркирани возила на тротоарот пред Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.

Обвинителството отвори истрага за транспортот на мозоци од починати лица од Македонија во САД

Јавното обвинителство на Република Македонија, врз основа на повеќе објавени информации во медиумите, оформи предмет по допрен глас поради наводите од објавените документи во случајот за Џефри Епштајн кои упатуваат дека примероци од мозоци на починати лица од земјава наводно биле транспортирани за научно-истражувачки цели во САД.

„И Европската Унија не е невина во она што се случува со нас“, вели Сиљановска-Давкова

Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени наместо на Копенхашките критериуми и владеењето на правото, вели претседателката на Македонија во интервју за МКД.Мк

To top