Македонија

Гаши го проследил барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев до надлежната комисија

Додаваат дека доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски.

Одземање на пратеничкиот имунитет на пратеникот од Левица, Сашко Јанчев до Собранието бара мајката на тешко повреденото девојче во сообраќајната несреќа, во која учествуваше Јанчев.

Мајката Богица Тодоровска во барањето адресирано до претседателот на Соранието, Африм Гаши, како причини наведува индиции и сомневања дека пратеникот може да ја злоупотреби својата функција и да се повика на пратеничкиот имунитет.

Од Собранието на прашање на Курир одговорија дека Гаши го проследил доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Јанчев.

-Согласно Уставот и Деловникот на Собранието, постапка поврзана со евентуално одземање на имунитет на пратеник може да биде иницирана исклучиво врз основа на официјално барање поднесено од надлежен државен орган, и тоа во случаи кога се бара поведување кривична постапка, определување мерка притвор или извршување казна затвор кон пратеник. Собранието не поведува вакви постапки по сопствена иницијатива, ниту пак може да ги иницира врз основа на барања од поединци, организации или медиуми. Во оваа насока, Претседателот на Собранието, Африм Гаши, го проследи доставеното барање до Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања и до пратеникот Сашко Јанчев, во согласност со начелата на транспарентност и целосно информирање, стои во одговорот од Кабинетот на Гаши.

Додаваат дека доколку од надлежните органи биде доставено официјално барање за постапување, Собранието ќе постапи во рамките на утврдените уставни и деловнички обврски.

Најнови вести од: Македонија

Иста судијка, две одлуки: Ослободителна пресуда за таткото на Васил, Зоран Јованов

Основниот кривичен суд Скопје го ослободи од вина Зоран Јованов, татко на Васил Јованов кој ја предизвика сообраќајната несреќа на булеварот партизански одреди во Скопје во која смртно страдаше Фросина Кулакова

Премиерот најави за 5% до 10% пониски сметки за струја за граѓаните

Владата подготвува потрошувачко портфолио кое треба да биде усогласено со „ЕВН Хоум“ и државната компанија ЕСМ, со цел да се обезбеди пониска цена на електричната енергија за граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заеднички состанок со компаниите ќе се одржи оваа или следната недела. Премиерот информира и дека се ​консолидирани акумулациите, кои во април, односно јуни пред две години беа на 7%, сега се на 80% исполнетост.

ВМРО-ДПМНЕ води три спрема еден пред СДСМ и ДУИ!

Три спрема еден е предноста на објективниот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ и ДУИ во очите на партиски неопределените граѓани. Тоа го покажуваат сумираните податоци од три анкети, што ги изнесе претседателот на партијата Христијан Мицкоски денеска.

To top