Регион

Зетот на Трамп се откажа од изградбата на Трамп хотел во Белград

Џаред Кушнер се откажа од планираниот проект за изградба на Трамп хотел во Белград откако проектот предизвика протести и обвинение против висок српски политичар, објави денес Волстрит журнал.

Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, се повлече од контроверзниот проект за изградба на луксузен Трамп хотел во комплексот на поранешниот Генералштаб во Белград, откако проектот предизвика масовни протести и обвинение против високи српски функционери.

Портпарол на неговата инвестициска фирма Affinity Partners изјави: „Бидејќи значајните проекти треба да обединуваат, а не да разделуваат, и од почит кон народот на Србија и градот Белград, ја повлекуваме нашата апликација и се повлекуваме во овој момент“.

Повлекувањето доаѓа во денот кога српското Обвинителство за организиран криминал поднесе обвинение против министерот за култура Никола Селаковиќ и уште три лица за злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа при отстранувањето на статусот на културно добро од зградите на Генералштабот.

Обвинети се и в.д. секретарката на Министерството за култура Славица Јелача, директорот на Републичкиот завод за заштита на спомениците Горан Васиќ и в.д. директорот на Заводот за заштита на спомениците на Белград Александар Ивановиќ.

Проектот, кој предвидуваше реконструкција на бомбардираните згради од НАТО во 1999 година во луксузен комплекс, предизвика протести низ Србија поради стравувања од корупција и уништување на културно наследство.

На 4 декември, Селаковиќ беше сослушан како осомничен и по тоа го критикуваше обвинителството, нарекувајќи го „автоимуна болест“ и „блокирачка криминална банда“.

Најнови вести од: Регион

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

Еди Рама: Што бараат Албанци од Тетово на протести во Тирана

Албанскиот премиер Рама ги критикуваше организаторите на протестите што се одржаа синоќа во Тирана, кои, според него, донеле Албанци од Приштина и од Тетово на протестите, а учесниците ги нарече „жртви на политички каравани“

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

To top