Македонија

Со кого седеше Сиљановска Давкова на кралската маса во Севиља (ФОТО)

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера присуствувала на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите на  Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН го приредил Кралот на Шпанија, Фелипе VI и Кралицата Летиција.   На настанот од глобално значење присуствуваат седумдесетина шефови на држави и влади.   ,,🇲🇰🇪🇸🇺🇳 Со особена чест присуствував на […]

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера присуствувала на официјалниот прием, којшто за шефовите на делегациите на  Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН го приредил Кралот на Шпанија, Фелипе VI и Кралицата Летиција.

 

На настанот од глобално значење присуствуваат седумдесетина шефови на држави и влади.

 

,,🇲🇰🇪🇸🇺🇳 Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.

 

 

Во срдечна атмосфера се водеа инспиративни разговори, во духот на заемна почит и разбирање.

 

Приемот се одржа во пресрет на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН, којашто ја нагласува потребата за одржлив развој, правичен пристап до финансиски ресурси и зајакнување на глобалната солидарност.

 

Искрена благодарност до домаќините за можноста да размениме мислења за клучните предизвици на нашето време”, објави Сиљановска Давкова.

 

Според објавените фотографии на нејзиниот Фејсбук профил македонската претседателка седи на главната маса заедно со Кралот и Кралицата на Шпанија, генералниот секретар на Обединетите Нации Гутереш, шпанскиот премиер Педро Санчез и неговата сопруга, претседателката на Индија Дроупаду Мурму, претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лајен, министерот за надворешни работи на Катар Касим Ал Таму, и уругвајскиот претседател Јаманду Орси.

 

 

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од вчера престојува во работна посета на Кралството Шпанија и ќе се обрати на првата пленарна сесија на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот (FfD4), којашто под покровителство на ООН се одржува во Севиља.

 

 

Целта на лидерскиот собир е изнаоѓање на решенија за справувањето со финансиските предизвици во исполнувањето на Целите за одржливиот развој и Агендата 2030, реформирање на меѓународната финансиска архитектура и поттикнување на инвестиции од страна на приватниот сектор.

 

На Конференцијата, на којашто е најавено учество на педесетина шефови на држави и влади, претставници на меѓународните организации, на бизнис заедниците и граѓанското општество, треба да биде усвоен „Договорот од Севиља“.

 

Во рамки на посетата, предвидено е претседателката да оствари билатерална средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Најнови вести од: Македонија

Просечната оценка од полагањето матура е 3,66, – подобри оценки по јазици и математика

По објавувањето на резултатите биле поднесени 805 приговори, што претставува 2,86 проценти од вкупниот број матуранти што полагале. Учениците на кои им бил поништен тестот, заедно со оние што отсуствувале во јуни, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија.

(Видео): Ќе нема поскапување на струјата, рече премиерот

Нашите акумулации во овој момент, при крајот на сезоната за наводнување, се околу 70 проценти полни и имаме речиси 500 гигават-часови акумулирана електрична енергија, сосема доволно за да се чувствуваме безбедни, комотни и да немаме предизвик во делот на снабдувањето за граѓаните и за индустријата. И нема да правиме панични прес-конференции, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Жештини, невремиња и пожари: Сè поголем товар за инфраструктурата

Научниците предупредуваат дека не може секој поединечен топлотен бран директно да се припише на климатските промени. Сепак, според Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC), глобалното затоплување придонесува ваквите екстремни временски појави да стануваат сѐ почести, поинтензивни и подолготрајни.

To top