Македонија

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Одлука на судот

Контроверзниот бизнисмен со нафтени деривати Љупчо Пецов – Ѓаволот по втората поднесена жалба е пуштен од ефективен во домашен притвор, во случај поврзан и со апсењето на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа кој беше фатен во обид како адвокат со 100.000 евра да поткупи судија за да суди во корист на осомничениот неготински трговец.

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино за случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор со понудена гаранција. Но сега по два дена Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција известува дека Пецов е пуштен во домашен притвор поради нарушено здравје.

„Одбраната на лицето за кое покажувате интерес до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за изменување на определената мерка притвор во поблага мерка укажувајќи на нарушената здравствена состојба на лицето кое веќе било на болничко лекување поради истата и на кое му било препорачано понатамошно лекување.

ОЈО ГОКК ценејќи ги истакнатите околности, како и околностите што укажуваат на сериозни влијанија врз постапката и влијанија врз лицето, фактот дека лицето доброволно се пријавило и ги предало двете патни исправи што ги поседува и индициите што укажуваат дека со спроведување на обвинетиот во притворското одделение не може да се гарантира неговата лична безбедност, јавниот обвинител на закажаното рочиште пред судијата на претходна постапка го измени предлогот и предложи да му биде определена мерка куќен притвор со 24 часовен надзор, со која може да се обезбеди неговото присуство во понатамошниот дел од постапката“, соопшти ОЈО ГОКК.

Претходното решение рсо кое му е одбиено барањето за укинување на притворот. било донесено пред нешто повеќеод две недели. Решението било донесено на 2 декември годинава и по завршување на жалбената постапка е доставено до Основниот кривичен суд Скопје на 11 декември 2025 година на понатамошно постапување.

Случајот „Синџир“ се однесува на организиран криминал за даночно затајување и оштетување на државниот Буџет за осум милиони евра. Во него беа обвинети 41 физичко и правно лице. Дел од нив склучија спогодба со Обвинителството и беа осудени и на затворски и на парични казни. Љупчо Пецов, познат под прекарот Ѓаволот, е обвинет како еден од организаторите на шемата на даночно затајување, но за него постапката беше прекината бидејќи беше во бегство.

Овој предмет стана повторно актуелен откако неделава Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) отвори истрага во која е приведен поранешниот државен правобранителот Стафа осомничен за примање поткуп од 50.000 евра.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

Најнови вести

To top