Свет

Папата Лав побара барем еден ден мир во светот

Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот. Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет, порача Лав Четиринаесети

По повод католичкиот Божик, папата Лав XIV синоќа испрати повик за еднодневно примирје на сите фронтови на планетата.

Од својата резиденција во Кастел Гандолфо, пред заминување кон Ватикан, папата, кој има американско потекло, ја повтори пораката:

„ Ја повторувам оваа молба до сите луѓе со добра волја да одбележат барем еден ден мир на овој празник на раѓањето на Спасителот. Можеби ќе нè послушаат и ќе има 24 часа мир во целиот свет“, истакна папата Лав. .

Но тој додаде дека е срастажен што „Русија се чини дека го отфрли барањето за примирје“.

Во Ватикан вечерва ќе ја служи својата прва божиќна миса откако беше избран за папа, а утре ќе го даде благословот „Urbi et Orbi“, традиционалниот говор во кој папата ја опфаќа мапата на сите војни и конфликти на планетата.

Најнови вести од: Свет

На повеќе од 27 илјади лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола!

Од почетокот на етапното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија лани во октомври, на над 27.000 лица им бил одбиен влезот во блокот, соопшти денеска Европската комисија. Меѓу лицата на кои им е забранет влезот, околу 700 претставувале директна закана за безбедноста.

Печатите во пасошите одат во историја: ЕУ од денеска воведува дигитална евиденција за влез и излез

Иако EES е замислен како модернизација на граничниот систем, првите денови покажуваат дека транзицијата нема да помине без нервоза, подолги чекања и потреба од прилагодување.

To top