Македонија

Клековски: Здравствените услуги од 40 денари, се зголемуваат на 60 денари од 1 јануари

Здравствена услуга за која сега граѓанинот плаќа 40 денари, од 1 јануари ќе чини 60 денари, најави денеска Сашо Клековски, директорот на ФЗО. Тој кажа дека после десетгодишно одложување, одлучиле да ги зголемат референтните цени за основниот специјалистички пакет и за интернистичкиот пакет во здравствените установи во јавниот и во приватниот сектор. Специјалистички преглед спрема ценовникот на Фондот досега беше 380, сега е зголемен на 720 денари.

Лани го зголемивме нашето вреднување на матичните лекари, сега очекуваме зголемена одговорност од нивна страна. Тоа значи придржување до казнената политика доколку се надминат квотите за пропишување антибиотици и анксиолитици. Имаме само за тие две групи ограничување за препишување, изјави генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Втората мерка која ја планираме, посочи тој, е Е-рецепт, кој во основа треба да обезбеди позадинска контрола на индикациите и дозирањето, бидејќи ние во основа имаме загуба и во несоодветно препишување, меѓутоа и несоодветно препишување во смисла на дозирање, издавање поголеми колични што се неопходни.

Појасни дека треба да се донесат уште два правилници, веќе е обезбедена интероперабилноста меѓу различните системи, тестиран е Е-рецептот кај матичен лекар и во аптека и очекуваат да стартува во 2026 година.

  • Системот ќе ги заштити и докторите од притисоците да се пропише готова терапија, бидејќи ние знаеме дека некогаш притисокот доаѓа и од осигурениците, од граѓаните дека сакаат некој лек да го добијат без оглед дали тој е соодветен за нивната индикација. Важно е и јакнењето на јавната свест. За нас најкритична е употребата на сумамед, кој треба да биде антибиотик за последна линија на одбрана, а минатата година имавме 23 отсто зголемување во неговото издавање, рече Клековски.

Потенцира дека средствата за ставање нови лекови на позитивната листа, според прелиминарните податоци, се зголемени за околу пет милиони евра, од 3,2 на 3,5 милијарди денари, што спроед него, не е одраз на зголемувањето на бројот на лекови на листата, туку е одраз на зголемената консумација.

  • Е-рецептот ни е неопходен заради контролите и намалување на неоправданата употреба за да ја зголемиме оправданата употреба на лекови. На позитивната листа се уште имаме премногу стари, евтини лекови кои се лесно достапни, а ни недостигаат малку поскапи лекови од новите генерации кои не се на листата, додаде Клековски. 

Најнови вести од: Македонија

Стандардот, минималецот, струјата и балансерот на политички мегдан – жестока дебата во Собрание

Жестока расправија во Собранието меѓу премиерот Христијан Мицкоски и лидерот на СДСМ, Венко Филипче за енергетската криза, поскапувањето на струјата и политичките обвинувања.

Шиповиќ: Половина од Извршниот одбор се „омрсија“ додека беа на власт! Оваа банда на криминалци ни го украдоа СДСМ!

Поранешниот функционер на СДСМ и некогашен претседател на Советот на скопската општина Центар Мирослав Шиповиќ се нареди меѓу оние социјалдемократи, кои  жестоко го критикуваат сегашното партиско раководство дека е заинтересирано само за лични придобивки. Тој е член на СДСМ и поранешен претседател на Советот на Општина Центар во 2013 година во периодот кога Андреј Жерновски беше градоначалник.

Владата со засилено темпо ја спроведува реформската агенда, до јануари се очекува реализирање 8 од 12 клучни чекори

Тој истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, се доцни со дел од реформските чекори во реализацијата: околу 12 чекори требало да бидат завршени до овој момент

Најнови вести

To top