Македонија

ФЗО најави проширување на позитивната листа со нови лекови

Во наредниот период, Фондот ќе стави акцент и на контролата на потрошувачката на лекови што се издаваат на рецепт, откривањето евентуални злоупотреби и поефикасното управување со буџетот.

Пациентите во Македонија наскоро ќе добијат пристап до нови лекови преку позитивната листа, најави директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Според него, проширувањето на листата треба да се реализира во текот на следниот месец и ќе опфати лекови што се користат за спречување на згрутчување на крвта.

Меѓу терапиите што ќе бидат достапни се Клексан, Фраксипарин и уште еден антикоагулант, кои се применуваат кај различни категории пациенти, особено по оперативни зафати и кај лица со зголемен ризик од тромбози и кардиоваскуларни компликации.

Клековски појасни дека овие лекови имаат широка примена кај пациенти кои закрепнуваат по сериозни хируршки интервенции, како и кај повозрасни лица со срцеви заболувања, каде постои ризик од формирање на згрутчувања.

Осврнувајќи се на употребата на антикоагулантите кај бремените жени, директорот на ФЗО најави дополнителни консултации со стручните служби на Клиниката за гинекологија и акушерство. Според него, потребно е подетално да се анализираат критериумите според кои одредени бремености се класифицираат како патолошки и врз основа на кои индикации се препишува терапијата.

Тој нагласи дека лекот Клексан не е наменет за рутинска употреба кај сите трудници, туку треба да се користи исклучиво кај пациентки со јасно утврдени медицински причини и ризици.

Во наредниот период, Фондот ќе стави акцент и на контролата на потрошувачката на лекови што се издаваат на рецепт, откривањето евентуални злоупотреби и поефикасното управување со буџетот. Целта, според Клековски, е да се создадат услови за воведување на понови и посовремени терапии кои ќе бидат достапни за осигурениците преку јавниот здравствен систем.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

Владата ги испрати Кривичниот законик и законот за кривична постапка во Брисел на мислење

Министерството за правда на Владата на Република Македонија ги достави Нацрт-кривичниот законик и Нацрт-законот за кривичната постапка до Европската комисија за мислење, со што продолжува процесот на сеопфатна реформа на казненото законодавство и негово усогласување со европските стандарди.

Претседателот на Уставниот суд на РМ Костадиновски за политичките притисоци: Не смее да ја диктираат правдата

Наша должност е да им одолееме на политичките притисоци и да ја држиме политиката во рамките на правото – порача денеска во Охрид претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски. Тој оцени дека Уставниот суд е единствената институција што треба да обезбеди политиката и државните органи да ги почитуваат уставните и законските рамки.

ВМРО ДПМНЕ: Скопје има три големи несреќи – Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС!

„Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите години: потрошија милионски буџети, а не направија ниту еден проект значаен за граѓаните на Скопје!“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ.

Вреди: Ахмети со ДУИ „продаваше“ лажен патриотизам, а преку сватот зеде кредит од 5 милиони евра од „Алта банка“ во Белград”!

Додека Али Ахмети и врвот на ДУИ со години јавно продаваа лажен патриотизам, нивната семејна бизнис-мрежа, далеку од очите јавноста, склучувала милионски договори директно во Белград, наведува „Вреди“ во соопштение.

Најнови вести

To top