Македонија

Бучните ирваси и Дедо Мраз со чудесна санка, за 120 дечиња не се замка

Да ја дочекаме Новата година давајќи им надеж и радост на оние на кои им е најпотребно, е чувство за кое вреди за да живее

Андреј Миневски и неговите соработници деновиве ги израдуваа дечињата од училиштето ОУРЦ „Иднина“, лицата од ЦПЛИП „Порака“, како и дечињата кои ги сретнаа попатно, од социјално ранливите групи. Следно во понеделник, ќе ги посетат и дечињата од ОУРЦ „Златан Сремец“.

Викендов кој следи, на 27 декември, сабота, чудната санка и бучните ирваси кои ќе израдуваат уште 120 дечиња, ќе може да ги сретнете на следниве локации: Плоштад Автокоманда Скопје- 17:10 до 18:00 часот Зоолошка градина Скопје- 18:10 до 19:00 часот Скопје City Mall (пред источен влез)- 19:10 до 20:00 часот Секое детенце кое тимот ќе го сретне низ улиците на нашиот убав град Скопје, ќе проба да го израдува барем за момент.

Чудната санка на Дедо Мраз, полна со пакетчиња е тука за секое детенце да го потсети дека за секоја желба еден ден може да биде остварена и дека празниците се за сите. Дедо Мраз и следната година ќе продолжи да работи со општествено одговорни компании. Се надевам дека семејството на соработници ќе се зголеми и дека на тој начин, со вредните џуџиња ќе успееме да обезбедиме бесплатно пакетче за секое дете. За следната година ги повикувам да се приклучат и други фирми и компании, па целата иницијатива да прерасне во традиција која носи среќа и насмевка на лицето кај секое детенце.

Секој придонес, голем или мал, може да направи значајна разлика. Добрината е дел и од работата, а поддршката оваа година ја дадоа: Copytech, Клими Монт MK, Сервисен Центар Коп Компани, Eminimal Tatoo, Leon Obuca Macedonia, Artist3dx, GoNet, Kosmo Print, Guardian Angels MC 71, Three Bar & Kitchen , Рима Стил, Еко Циркон, Хотел Шарлота, Младен Стојановски, Чанкулови дизајн, Cebotex, Bango Winery, Еко Пор, Горска Вода како и нашата Мирјана Кукољ, вели Андреј Миневски.

– Да ја дочекаме Новата година давајќи им надеж и радост на оние на кои им е најпотребно, е чувство за кое вреди за да живее.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top