Македонија

Останува 5% ДДВ за купување нов стан

И по 1 јануари 2026 година, повластената стапка на ДДВ од 5% ќе важи за новите станови, откако Собранието вчера ги одобри измените на Законот за данок на додадена вредност

 

„Со ова законско решение, повластената стапка од 5% ќе важи до декември 2028 година и ќе се применува при прв промет на станбени згради и станови кои се користат за станбени цели.

Ова значи дека за стан од околу 70 метри квадратни, граѓаните можат да заштедат и до 15.000 евра, секако, во зависност од купопродажната цена“, истакна на прес-конференција, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димитровска..

„Тоа е сериозна и реална поддршка, а не декларативна политика. Сакам да потсетам дека според досегашното законско решение беше предвидено зголемување на ДДВ од 5% на 18% од јануари 2026 година, што реално, ќе создадеше услови за ново зголемување на цените на становите на пазарот“, истакна Димитровска

Како што рече,  цените на недвижностите веќе се високи и дека голем број граѓани, млади семејства и поединци, тешко доаѓаат до сопствен дом.

„Затоа, група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја поднесовме оваа законска измена – за да не дозволиме дополнителен ценовен притисок и простор за поскапување од страна на инвеститорите.

На крај, сакам јасно да порачам: Суштината на работата на пратениците во Собранието е носење законски решенија кои реално го подобруваат животниот стандард на граѓаните, а ова е токму еден таков пример – заклучии Димитровска

Според важечкиот закон, повластената стапка на ДДВ од 5% за нови станови беше планирано да се спроведува до 31 декември 2025 година.

Најнови вести од: Македонија

Продолжува пресметката на Бихаќка: Филипче фуфка од Деспотовски па го нарекуваат петтоколонаш

Центарот за комуникации на СДСМ денес издаде остро соопштение во кое Јован Деспотовски, поранешен кандидат за претседател на партијата и актуелен член, е обвинет дека дејствува како „петоколонаш“ и „предавник одвнатре“

Претседателката Сиљановска-Давкова ја врачи Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година

Лауреати на Големата годишна награда за најуспешно реализирано архитектонско дело во 2025 година се авторите Искра Лековска и Владимир Лековски

Гаши: Мора да прекине пристапот дека Собранието е машинерија за изгласување закони и да се намали нивниот број по скратена постапка

Зборувајќи за работата на Собранието на Република Македонија, неговиот претседател Африм Гаши изјави во интервјуто за Македонската информативна агенција – МИА дека, врз основа на истражување на јавното мислење, за првпат после десет години има подобрено гледање на граѓаните за Собранието. Тој укажува дека треба да се намали бројот на закони по скратена постапка, што се предлагаат, и оти на тоа постојано ќе посочува.

Најнови вести

To top