Бизнис

АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

Октомври е месец посветен на штедењето, а АЛТА банка АД Битола го одбележува со нова промотивна понуда за сите кои сакаат паметно да ги планираат своите финансии и да создаваат сигурна основа за иднината. Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

Во рамки на новата промотивна понуда, достапни се следните можности за штедење:

  • Денарски депозит на 13 месеци со каматна стапка од 3,20%
  • Денарски депозит на 25 месеци со каматна стапка од 3,40%
  • Девизен депозит во евра на 13 месеци со каматна стапка од 2,30%

Дополнителна практичност овозможува изборот на начинот на исплата на каматата – месечно или на крајот на периодот на орочување. Каматните стапки се фиксни за целиот период, што им овозможува на клиентите однапред да го планираат приносот од своите заштеди.

Со оваа понуда, АЛТА банка потсетува дека за остварување на големите планови често се потребни мали, но навремени финансиски одлуки. Токму затоа, месецот на штедењето е вистински повод да размислиме за иднината и за можностите што ги имаме денес.

Промотивната понуда е достапна до 31 декември 2026 година.

Посетете ја најблиската експозитура на АЛТА банка АД Битола, информирајте се за условите и изберете го депозитот што најмногу одговара на вашите планови.

Најнови вести од: Бизнис

Филипче и СДСМ создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи ‘Алта банка’

Еден од неколкуте докази што ја поткрепуваат оваа информација е вчерашната прес-конференција на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Најнови вести

To top