Македонија

Нема пречки да стартува обновата на Универзална сала

Обезбедена е нова документација и објавена е нова јавна набавка за реконструкција на Универзална сала, информираше министерот за култура и туризам Зоран Љутков

Министерот го наброја сите значајни активности што се реализираа минатата година во делот на капиталните проекти.

Љутков ги посочи Турскиот театар, Универзална сала, театарот во Струмица, Куманово и киното „Партизан“ во Битола.

„ Обезбедена е нова документација и објавена е нова јавна набавка за реконструкција на Универзална сала; продолжи изградбата на Турскиот театар; деблокирана е изградбата на стариот театар во Струмица; а продолжуваме и со реконструкцијата на театрите во Куманово и во Битола, киното „Партизан“ во Битола се прави со забрзана динамика, завршена е првата фаза од санацијата на покривот на НУБ „Свети Климент Охридски“, додека санацијата на прокиснатите делови во НУ Македонски народен театар се одвива со засилена динамика“ – наброја министерот.

Започнува реконструкцијата на Универзална сала: Клуч на рака до 2027

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top