Македонија

Еврокомесарката за проширување ја оплеска работата со македонскиот идентитет

Тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки како дипломатско оружје

 

Со две изјави на прес конференцијата со премиерот Мицкоски комесарката за проширување, ја оплеска работата пред македонската јавност.

Првата тема на која падна Кос која е Словенка е македонскиот идентитет а втората е внесот на Бугарија како недоволен услов за влез во ЕУ.

Марта Кос, на денешната прес конференција во Скопје, рече дека не може да ни даде никакви гаранции дури и да ги внесеме Бугарите во Уставот.

Веројтано несвесна за тоа што го стори Кос навредливо го спореди македонскиот идентитет со тавче гравче, полнети пиперки и пинџур.

„Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме и како ја чувствуваме нашата татковина, идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример манастирите во Македонија, погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со постарите во земјата, каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може да ви го одземе ова на вас Македонците”, рече Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да влегува во  дијалог со Кос и  одговори дипломатски но со јасна порака дека Кос прави грешка.

„За мене мојот идентитет не е само прекрасната македонска кујна, туку е и Гоце Делчев и Шапкарев, и Миладиновци и Илинденското востание и Дамјан Груев и Јане Сандански. Не знам дали ќе го споделат истото мислење и колегите од исток, но тоа се луѓето кои се дел од нашиот идентитет, македонски идентитет”.

 

Целата прес конференција

 

 

 

Најнови вести од: Македонија

Самсунг ќе воспостави производна линија за HVAC системи во Јужна Кореја

Инвестирајќи приближно 240 милијарди корејски вони (158 милиони американски долари), компанијата ќе отвори нова производна линија за HVAC системи во Гвангжу, Јужна Кореја, до 2028 година
Производната линија ќе се фокусира на HVAC системите на “FläktGroup“, вклучително и решенија за ладење на дата-центри за вештачка интелигенција

To top