Во јавно признание на социјалните мрежи бугарската ,,Фондација Македонија” открива дека од Бугарија се финансираат медиуми во Македонија а некои од нив се управуваат од Софија.
Фондацијата не открива кои се тие десетици медиуми.
Преходни истражувања покажаа дека еден од овие од Софија финансирани медиуми е Вестимак.мк, интернет портал на кој се објавуваат пробугарски и антимакедонски содржини а таму постојано е пренесуван екс премиерот Љубчо Георгиевски.
Во објавата – признание за финансирање на македонски медиуми од Софија Фондацијата Македонија искажува надеж дека на следните избори во Унгарија да загуби Виктор Орбан затоа што според фондацијата така ќе запрело финансирањето на медиуимите кои објавувале антибугарски содржини.
,,Драги Бугари во Бугарија и низ целиот свет,
За Нова Година, да посакаме Виктор Орбан да ги изгуби априлските избори во Унгарија и со тоа да го запре унгарското финансирање на антибугарските и антиевропските медиуми во Република Македонија. Социолошките истражувања во Унгарија покажуваат дека Орбан ќе ги изгуби претстојните избори. Паралелно, ние во Фондацијата „Македонија“ активно работиме и финансираме десетици слободни медиуми во Македонија со цел да постигнеме јавна и медиумска плурализација и барем малку да го намалиме говорот на омраза во јавниот медиумски простор во Скопјe. Помагаме на десетици медиуми во Скопјe и управуваме со некои од нив. Вклучете се – за европска Македонија и за слободно бугарско влијание и слобода! Влијанието на Кина и Србија во Скопјe се зголемува благодарение на медиумите од кругот околу Орбан. Така се попречува европската интеграција и европската иднина на земјата. Слободата на говорот и демократијата се исто така попречени, загрозувајќи ги правата и слободите на граѓаните.
* На Бугарите кои се поддржувачи на Виктор Орбан како политичар, би сакале да им кажеме: Ги почитуваме вашите емоции и фактот дека го сакате Виктор Орбан, но Орбан и неговата влада поседуваат и финансираат десетици медиуми во Скопје, кои секојдневно шират говор на омраза против Република Бугарија и против Бугарите. Ова мора да заврши!”, стои во објавата на Фондацијата „Македонија“.