Македонија

„Хев а њу јиар еврибади“: Како Заев честиташе Нова година среде Солун (ВИДЕО)

Кога несудениот нобеловец од Муртино се истакна со сопствената (непостоечка) верзија на англискиот јазик во Грција…

Поновата македонска историја би била празна и би требало да се измисли ако не беше поранешниот премиер Зоран Заев, кој среде Солун се „истакна“ со сопствената верзија на (непостоечки) англиски јазик, кога им честита Нова година на новинараите.

„Хев а њу јиар еврибади“, порача несудениот нобеловец од Муртино пред да влезе во солунска таверна заедно со својот домаќин, тогашниот градоначалник на вториот град по големина во Грција, Јанис Бутарис, пред дочекот на летото Господово 2018.

 

 

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top