Хроника

Пожар во магацин кај Бит Пазар – шест противпожарни возила на терен

Засега нема податоци за причини за избувнувањето

Пожар избувна во објект што се користи како куќа и магацин во близина на Бит Пазар во Скопје.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека на терен се екипи на Противпожарната бригада на Град Скопје, кои интервенираат со шест противпожарни возила.

„Во близина на Бит Пазар гори куќа, односно магацин, а во моментов Противпожарната бригада на Град Скопје интервенира со шест противпожарни возила“, соопштија од ЦУК.

Засега нема дополнителни информации за причините за избувнувањето на пожарот, ниту за евентуални повредени лица или причинета материјална штета.

Од ЦУК најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршувањето на интервенцијата на противпожарните екипи.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top