Македонија

МНР: Од нашиот сосед Бугарија очекуваме европско однесување

Меѓу другото и целосната почит и признавање на македонскиот јазик

Министерството за надворешни работи (МНР) реагира на соопштението на бугарското МНР кое вчера отворено соопшти дека не признава македонски јазик..

За Софија нема македонски туку „достапен јазик“

„Наместо неаргументирани коментари, од нашиот сосед очекуваме европско однесување, меѓу другото и по однос на целосната почит и признавање на македонскиот јазик“, се наведува во реакцијата од македонското МНР.

Од МНР додаваат дека земјава  е препознаена како позитивен пример на европско ниво во примената на правата на заедниците и така ќе продолжи и во иднина.

„Остануваме цврсто посветени на еднаквоста, инклузијата и ефикасната имплементација на политиките во интерес на сите наши граѓани“, се наведува во реакцијата.

Од МНР појаснуваат дека земјава останува доследна на европските правила и на мерит-базираниот пристап кон проширувањето.

„Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците е изработен на македонски и англиски јазик од домашни и меѓународни експерти, во блиска консултација со Совет на Европа и Европската комисија. Документот содржи јасно дефинирани мерки, рокови и надлежни институции и е целосно усогласен со највисоките европски стандарди“, се вели во реакцијата.

Во неа се додава дека процесот на изработка на Предлог-акцискиот план за заштита и унапредување на правата за припадниците на заедниците се одвиваше во повеќе фази, започнувајќи од 2023 година, при што финалната доработка беше интензивирана во последните шест месеци од 2025 година.

„Во текот на целиот процес беа активно вклучени и редовно консултирани домашни и меѓународни експерти од областа на меѓународното право, човековите права и правата на малцинствата. Од страна на Советот на Европа и Европската комисија беше нагласено дека документот ги опфаќа сите релевантни европски и меѓународни стандарди“, се вели во реакцијата од  Министерството за надворешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Колариќ: На седницата на Советот на Кисела Вода навреди, провокации и закани од Петар Здравевски од Левица!

Советот на Општина Кисела Вода денеска работел под притисок и, како што тврди претседателката на Советот, Светлана Колариќ, во услови на провокации и недолично однесување од страна на советникот Петар Здравевски од Левица.

Пијанистот Андреј Цековски (11) блесна во Њујорк: златен медал на престижен меѓународен натпревар!

Њујорк беше сцена на уште еден голем успех на младиот македонски пијанист Андреј Цековски. На само 11 години тој го освои првото место на меѓународниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Признанието го прими на свечениот концерт на победниците. Ова го објави „Скопје1.мк’.

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

Најнови вести

To top