Македонија

Царина спречи шверц на телефони, парфеми..

Царински службеници и мобилни царински тимови

Царински службеници и мобилни царински тимови спречија обиди за шверц на 103 мобилни телефони, повеќе од два тони банани, 500 пакувања суплементи, 400 литри маслиново масло, 53 литри масло од црно семе, 24 килограми режан тутун, опрема за спа уреди, околу 400 парчиња козметика, над 100 парфеми од познати брендови, како и домашни птици, информираат од Царинската управа.

На граничен премин „Табановце“ царинските службеници во три случаи заплениле 500 пакувања суплементи, автоопрема, алати за градежни работи и друга специјализирана скапа опрема со вкупна вредност од над 1,2 милиони денари.

Со ова, како што информираат од Царинската управа, е спречен обид за избегнување плаќање давачки од 428 илјади денари.

Во други три случаи царинските службеници на граничниот премин „Деве Баир“ при преглед на автомобили и автобус спречиле и обиди за шверц на над 130 парфеми, меѓу кои и „Армани“, Жан Пол Готје, Марк Џејкобс, Жал Пол Готје. Возачите иако уредно прашани дали имаат нешто да пријават, не пријавиле ништо, по што поради сомневање во нивните изјави извршен е детален преглед при што се пронајдени непријавените производи. Во автобусот производите биле скриени во багажникот, додека во автомобилите парфемите со потпис на познати брендови биле откриени во фабричка шуплина на багажниот простор, во кутија за велосипед, на задните седишта, како и во куфер помеѓу спакувани алишта.

Против сторителите, македонски државјани, се поведени соодветни постапки – во пет случаи прекршочна, а во еден случај покрената е кривична постапка пред ОЈО Куманово.

Инспектори од Одделението за оперативни работи при преглед на возила на граничните премини, во внатрешноста на државата, како и при преглед на стока за увозно царинење спречиле повеќе обиди за шверц. Запленети се опрема за спа уреди,  поголема количина облека, автоделови, алати, 15 литри за премачкување цитрусни овошја, 234 парчиња козметика за лице и коса, 53 литри масло од црно семе,  илјада парчиња лед рефлектори и лед панели кои повредуваат право од интелектуална сопственост, ремени за затегнување стока и други производи за кои сторителите се обиделе да избегнат плаќање давачки кон државата.

Во еден случај откриен во внатрешноста, две лица македонски државјани се затекнати како вршат претовар на стока од автобус во патнички возила, за којашто не поседувале документи ниту доказ за платени увозни давачки. Против сите лица, поведени се соодветни постапки.

Царински службеници од царинарница Гевгелија спречиле обиди за криумчарење 2,3 тона  банани и 400 литри маслиново масло. Обидот за криумчарење банани е откриен на царинска испостава Гевгелија при контрола на пратка пријавена за увозно царинење, при што е откриено дека поголема количина на банани не се опфатени со царинските документи, со што увозникот се обидел да избегне плаќање давачки.

Обидот за шверц на 400 литри маслиново масло е откриен на влез граничен премин Дојран при контрола на возило управувано од германски државјанин. 24 килограми режан тутун без акцизни маркички се пронајдени  во багажниот простор на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, при контрола извршена oд царински службеници на излез од царинската испостава Слободна зона Бунарџик.

Царинските службеници на граничниот премин Делчево, во два одделни случаи, при контрола на автомобил и камион, откриле обиди за шверц на делови за камиони, 100 литри синтетичко моторно масло, алати, дрон и негови компоненти, фотоапарат и разна друга стока. Сите пронајдени производи се одземени, а против сторителите е покрената соодветна постапка.

На граничниот премин „Деве Баир“ на излез од државата царинските службеници открија 103 половни „Ајфон“ и „Блекбери“ телефони што бугарски државјанин сакал да ги криумчари. Телефоните се откриени при претрес на автомобилот со кој патувал во кутија  покриена со јакна и ранец.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Две години реформи за менување на јавната администрација – повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за современи институции

Две години реформи што ја менуваат јавната администрација – повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за модерни институции – истакна на денешната прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев, на која ги презентира резултатите од двегодишното работење на Министерството.

Системот „Безбеден град“ ќе ги казнува и странските возачи, кои ќе направат прекршок, минувајќи низ Македонија

Возачите кои транзитираат низ Македонија ќе бидат опфатени во системот „Безбеден град“, казни ќе има и за странските државјани, целта е да се почитуваат сообраќајните правила и да се спасат човечки живот, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кој заедно со неговиот српски колега Ивица Дачиќ ја промовираа кампањата „Вози одморен“ на Граничниот премин Табановце.

Панова: СДС го блокираат изборниот закон и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас

„СДС повторно избра да ги кочи процесите наместо да понуди решенија. Додека декларативно зборуваат за демократија, во пракса го блокираат Изборниот законик и можноста Македонците од дијаспората полесно да го остварат своето право на глас. 10.000 амандмани против македонската дијаспора!“ – нагласува Ели Панова од ВМРО ДПМНЕ на својот фејсбук-профил.

Алиу: За бубрег чекаат 168 пациенти, а за срце 37 – новиот систем за дарување органи почнува од 1 октомври 2026

Во моментот имаме 168 пациенти што чекаат за бубрег, 37 пациенти што чекаат за срце, 12 за црн дроб и 23 за рожници. Затоа новото законско решение за органодарителство е голем исчекор кон здравствениот систем во државата. Ова го истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу на прес-конференција посветена на трансплантацијата.

Обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство: барал 100 илјади евра мито, за да одобри увоз на вештачко ѓубре!

Според неофицијални информации, станува збор за Васе Анакиев, директор на Државниот инспекторат за земјоделие, кој бил фатен при барање и примање поткуп од околу 50.000 евра. Анакиев е на функцијата од јули 2024 година. На 19.03.2026 година, откако пријавителот преку сведок му ја предал првата рата од 50.000 евра, обвинетиот бил лишен од слобода при преземањето на парите од полициски службеници.

Во скопски Аеродром девојчиња ѝ удираат шлаканици на врсничка и ја влечат за коса, додека моли за милост, клекната на колена, а други ја снимаат „забавата“! (Видео)

На општествените мрежи се појави вознемирувачка снимка, која прикажува нов случај на брутално врсничко насилство меѓу малолетници во скопската населба Аеродром: девојче е физички и психички малтретирано од група малолетници, додека присутните го снимаат инцидентот без да интервенираат. Ова предизвика бурни реакции во јавноста.

To top