Македонија

Денеска променливо со дожд: Температури од 11 до 14 степени

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег, со формирање на нова снежна покривка во западните делови.

Денеска во Република Македонија времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималните температури ќе се движат од 7 до 11 степени, а максималните ќе достигнат од 11 до 14 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува променливо облачно време со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде околу 9 степени, а максималната до 13 степени.

Во среда се најавуваат врнежи од дожд, локално пообилни (над 25 л/м²), особено попладне и во текот на ноќта, кога во западните делови ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен јужен ветер со брзина над 60 км/ч.

Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер, во четврток врнежите ќе бидат претежно од снег, со формирање на нова снежна покривка во западните делови.

Во петок се очекува преодно стабилизирање на времето, додека во деновите од викендот повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top