Македонија

Шасивари: На влезот на Собранието, покрај христијански фрески, треба да има и фрески од џамии, а во пленарната сала и стихови од Куранот!

„За да се спречи доминацијата на христијанската над муслиманската вера со помош на државата и со цел Собранието на Македонија да ги претставува подеднакво сите граѓани, почитувајќи ја мултирелигиозната реалност, треба да се додадат на муралниот мозаик: ‘Кругови на цивилизацијата’ во пленарната сала на Собранието и првите стихови од Светиот Куран: ‘Читај! Во името на твојот Господ кој создал’! Но, треба да се изработат и да се додадат на главниот влез на Собранието и три нови фрески од најстарите џамии во Македонија: од Султан Муратовата и Мустафа-пашината џамија од Скопје, како и од Шарената џамија во Тетово!“ – нагласува во своја колумна д-р Јетон Шасивари, професор по уставно право од Штуловиот универзитет во Тетово и доскорешен заменик-член на меѓународната експертска правна Венецијанска комисија.

Во колумната со наслов „Секуларен сурогат“, која ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА, Шасивари, покрај другото, Шасивари наведува: Фотографиите кога свештеникот изведува верска церемонија со осветување службени возила во дворот на Министерството за внатрешни работи, со присуство на полицајци, предизвикаа бројни реакции во јавното мислење: некои го оправдаа овој чин, нагласувајќи дека во православната традиција постои молитва за осветување возила и оти тоа е симболичен гест насочен кон заштита и безбедност. Другите реагираа остро, оценувајќи дека оваа практика е спротивна на уставниот принцип на секуларизмот (световноста) и оти државните институции треба да бидат религиозно неутрални.

Сепак, дали Македонија е световна држава, дали е религиозно неутрална, или станува збор за антирелигиозна политичка (државна) идеологија? Суштината на прашањето за односите меѓу државата и религијата во Македонија не е во попрскувањето со света вода, или осветувањето, туку таму каде што граѓаните се претставени, односно во Собранието на Македонија како највисок државен орган и претставнички орган на сите граѓани, носител на највисоката власт, уставната и законодавната.

Во пленарната сала на Собранието, меѓу другото, се наоѓа и мурален мозаик: „Кругови на цивилизацијата“ изработен во 1999 година, на кој се прикажани ликовите на браќата Кирил и Методиј, а во горниот дел се напишани првите стихови од Светото Евангелие според Јован, преведено од глаголица на кирилица: „Искони бъя слово“ – „На почетокот беше словото“. На главниот влез на Собранието се наоѓаат и фрески: „Причестување на апостолите“, „Предавство на Јуда“ и „Распетие“, направени (изненадувачки!) во времето на социјалистичка Македонија во 1974 и 1982 година.

Нема поилустративен и попрактичен пример за дискриминација за тоа која религија е државна, или која света книга е официјална и доминантна во државата Македонија и дали државата е религиозно неутрална кога Собранието како највисок државен орган се идентификува само со една вероисповед и една вера, кога Собранието е обележано со симболиката само на христијанството, само на една вера.

За да ги претставува Собранието подеднакво сите граѓани, почитувајќи ја мултирелигиозната реалност, треба да се додадат на муралниот мозаик: „Кругови на цивилизацијата“ во пленарната сала на Собранието и првите стихови од Светиот Куран: „Читај! Во името на твојот Господ кој создал“! Но, треба да се изработат и да се додадат на главниот влез на Собранието и три нови фрески од најстарите џамии во Македонија: Султан Муратовата џамија и Мустафа-пашината џамија -Скопје и Шарената џамија -Тетово. На овој начин односот држава-религија ќе биде целосен и врамнотежен кога сè ќе биде таму, бидејќи во спротивно во Македонија ќе продолжи доминацијата на една вера над друга со помош на државата. – наведува професорот Јетон Шасивари во својата колумна.

Најнови вести од: Македонија

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

To top