Македонија

Двајца браќа од Тетовско прелажани за странска пензија – останале без 15.000 евра

Двајца постари мажи од Тетовско наивно верувале на ветувања и на измамник му дале 15.000 евра. Потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници – оти така им кажал измамник што им ветувал странски пензии. Останале со празни раце!

Вчера во 11:30 часот во СВР Тетово, 70-годишен маж од тетовско село пријави дека тој и неговиот брат биле измамени за сума од 15.000 евра од Л.Н. од Тетово.

Во текот на 2024 година измамникот му понудил нему и на неговиот брат да им помогне да примаат пензија од странска држава бидејќи двајцата имале остварено работен стаж. Како што е пријавено, тој во неколку наврати им ги барал парите како депозит, за што и двајцата потпишувале бланко листови хартија, бланко полномошно и непополнети уплатници, со цел побрзо да остварат право на пензија. После некое време, откако не била завршена работата, сфатиле дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, вели СВР Тетово.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

To top