Македонија

Десет македонски млекари со месеци мамеле и ставале граѓани во опасност

Палминото масло е богато со заситени и претставува ризик од кардиоваскуларни заболувања

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откри сериозни манипулации и измами на потрошувачите при спроведување на вонредни инспекциски контроли во поголемите синџири маркети во земјава. Официјалните ветеринари земаа вкупно 91 мостра од млеко, млечни производи и сувомесни производи, од домашно производство и од увоз, со цел да се утврди дали нивниот реален квалитет соодветствува со она што е напишано на декларациите.

Засега се комплетирани лабораториските резултати за млечните производи, додека за сувомеснатите производи се чекаат финалните анализи за кои јавноста дополнително ќе биде информирана.

Некои компании декларирале 20% млечна маст а во сирењето имало само 1%

Од вкупно 45 анализирани мостри од млеко и млечни производи, кај дури 10 оператори со храна е констатирано дека производите не одговараат на Правилникот за квалитет на земјоделските производи. Кај нив е утврден значително помал процент на млечни масти од она што било официјално декларирано.

Најдрастичен е примерот кај еден оператор каде што при тестирање на мостра од одземени 22 килограми ситно сирење, лабораторијата открила неверојатна разлика – на пакувањето пишувало дека производот содржи 20 проценти млечна маст, а реално содржел само 1 процент. За оваа измама, на операторот му е изречена парична казна во износ од 3.500 евра во денарска противвредност.

Уништени 500 килограми млечен производ со палмино масло

Инспекторите на АХВ затекнале и оператор кој во производството на млечни производи користел растителни (палмини) масти.

„Кај овој оператор со храна, со тестирањата е констатирано користење на растителни масти во млечен производ, за што му е изречена парична казна од 1.300 евра во денарска противвредност. Спорниот млечен производ во вкупна тежина од 500 килограми е целосно повлечен од промет и нештетно уништен на депонија“, се наведува во соопштението на АХВ.

Казнети се уште осум производители и увозници

Поради измама на потрошувачите со прикажување лажни проценти на млечна маст, АХВ казни уште осум други оператори со храна.

Овие производители и увозници ќе мора да платат парични казни во износ од по 1.050 евра во денарска противвредност за утврдените отстапки во нивните производи.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат дека нема да застанат тука и дека засилените инспекциски контроли кај оваа категорија оператори со храна ќе продолжат со исто темпо и во наредниот период, сè со цел заштита на здравјето и интересите на граѓаните.
Поврзана вест

Скандалот предизвика страв кај граѓаните затоа што сега тие не знаат чии производи можат да предизвикаат болест или смрт

Млекарите измамници вртат 130 милиони евра а ќе платат само 13200 евра казна за криминалот

Ако го консумирате редовно а притоа не знаете може да биде опасно по здравјето

Зошто е опасно маслото пронајдено во производите на казнетите македонски млекари

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top