Македонија

Заменик-министерот Ристески на средба со стопанственици од општина Кисела Вода

Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески на покана на градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска присуствуваше на настанот настанот „Градиме доверба и вмрежување на деловните луѓе од општина Кисела Вода“ каде присуствуваа голем број на претставници на бизнис- секторот во оваа скопска општина. На настанот заменик-министерот Ристески презентираше дел од мерките кои Владата и министерството за економија и труд ги нудат за поддршка за домашното стопанство и плановите за 2026 година.

– Во 2026 година министерството за економија и труд ќе ги поддржи домашните компании за нивен раст и развој со цел зголемување на нивните капацитети со што тие би биле поконкурентни како на домашниот така и на меѓународниот пазар. И оваа година во рамките на Оперативниот план за вработување компаниите ќе имаат повеќе мерки на располагање, како што се финансиската поддршка за зголемување на бројот на вработени во микро, малите и средните претпријатија, како и поддршка за зелените инвестиции и „зелената транзиција“ на компаниите. Од оваа година новитет се и мерките кои произлегуваат од Законот за финансиска поддршка на инвестициите каде за компаниите е предвидена финансиска помош со цел поттикнување на економски раст, отворање нови работни места и зголемување на конкурентноста – кажа заменик-министерот Ристески.

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на средбата изјави дека Кисела Вода е транспарентна општина со одлична комуникација и однос кон бизнис секторот. Таа додаде дека во наредниот период ќе се формира Регистар на компании од општината со цел подобра комуникација, побрзо информирање и полесно вмрежување меѓу фирмите.

Ристески и градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја потенцираа важноста за унапредувањето на локалната бизнис-клима преку реализација на проекти и мерки од локалните и државните институции. Токму локалните микро, мали и средни компании се од голема важност за севкупната економска состојба во државата бидејќи тие се главниот катализатор на економскиот раст, обезбедуваат можности за вработување за голем дел од населението и играат витална улога во поттикнувањето на иновациите, регионалниот развој и општествената одговорност.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Блиските на Артан тргнаа против бандата во ДУИ и „вечниот“ Ахмети, кој пак ја игра старата двојна игра!

Вечниот Ахмети повторно ја игра старата двојна игра. Од една страна, демек го спасува Артан од притвор, а од друга страна преку Артан му ја мести ногата на Бујар, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ.

Од 20 до 30 август Kарпош станува културна сцена: Започнува „Карпошово културно лето’’

Нокаут, Игор Џамбазов и Гуру Харе, Дац и Александар, Александар Тарабунов –Тара, Тумбао со Гиш, Day Off, кино на отворено, изложби, детска програма и фолклор во десет фестивалски дена на повеќе локации низ Карпош

Мацинка: Приоритетна цел на Чешка е Македонија да стане час поскоро членка на ЕУ

Република Чешка го поддржува членството на Македонија во Европската Унија и е подготвена да направи сè што е потребно таа час да стане членка на Унијата, порача денеска заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, по средбата со министерот за надворешни работи на Македонија Тимчо Муцунски.

Мацинка: Членството на Македонија во ЕУ е приоритет за Република Чешка

Чешка е подготвена да придонесе во процесот за постигнување решение прифатливо за Скопје и за Софија, изјави денеска чешкиот министер за надворешни работи Петар Мацинка, кој се наоѓа во официјална посета на земјава

Најнови вести

To top