Македонија

Уште трае акцијата за даночно затајување од големи размери на повеќе локации во Македонија

МВР и ОЈО за ГОКК

Во акција на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција попладнево се вршат претреси и приведувања. Дел од осомничените се вработени во УЈП. Обвинителството не споделува информации за број на осомничени и локации каде се вршат претресите.

„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражители со асистенција на полициски службеници од МВР вршат претреси на повеќе локации во државава и се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери“, информираат од обвинителството, од каде најавуваат повеќе информации ќе има во текот на утрешниот ден.

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Спорот не се сведува само на јазикот тој задира и во други идентитетски прашања

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен неодамна јавно побара продолжување на разговорите, а претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта во Софија настапи со слична порака, дури и посочувајќи на потребата од одредени гаранции. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ова го толкува како јасна промена во односот на Унијата.

Зошто во Македонија секој трет стан е празен?!

Во Македонија има доволно станови за парадоксот да изгледа неверојатно: според последниот попис, повеќе од 307 илјади станови се ненаселени, односно секој трет стан во земјата нема постојани жители. А сепак, квадратниот метар продолжува да поскапува, во Скопје и Охрид на атрактивните локации веќе се пробиваат и границите од 3.000 евра.

To top