Македонија

Денеска комеморација во чест Драган Б. Костиќ

Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на легендарниот радиоводител

Во Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска ќе се одржи комеморација во чест на легендарниот радиоводител Драган Б. Костиќ, кој почина по кратко боледување на 20 декември 2025 година.

Комеморацијата ја организира семејството Костиќ и тимот на продукцијата „Диско селектор“.

„Собирот е отворен за сите кои сакаат да оддадат почит и да се потсетат на животот, делото и оставнината на Драган Б. Костиќ, се наведува во поканата за комеморацијата.

Драган Б. Костиќ е роден во 1950 година во Скопје. Кариерата ја почнал во тогашното Радио Скопје, прославувајќи се како со својот глас, така и со емисиите „Диско селектор“, која почна да се емитува во јуни 1974 година и „Заборави ако можеш“, која ја водеше од 1991 година.

Костиќ беше еден од најпопуларните радио-водители, музички новинари, еден од легендарните скопски диџеи и голем колекционер на музика. Костиќ прослави 50 години од радио-емисијата „Диско селектор“ со настанот „Последниот танц“ во арената „Јане Сандански“.

Во последните години беше познат и по своето телевизиско шоу „Б со точка“ и со онлајн емисијата „Кавервил“.

Најнови вести од: Македонија

Изјавите на Пендаровски за употреба на албанскиот јазик не се точни

Особено е значајно јавни личности или лица кои вршеле високи државни функции и може да придонесат за креирање на јавната перцепција, да се воздржат од изнесување неточни или непроверени информации

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ

Сите оние постигнувања и реформи коишто изминатите месеци како ВМРО-ДПМНЕ, односно како македонска Влада ги направивме, потенцира во изјавата Мицкоски

(Фото): Пролетна генералка на Скопје, јавните претпријатија на терен

Координирана акција за темелно чистење на сите површини под надлежност на Град Скопје започна денеска во утринските часови. Екипите на сите јавни претпријатија се вклучија во пролетната генералка на Скопје. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека ова е јасна порака дека редот, чистотата и грижата за заедничкиот простор стануваат секојдневие.

To top