Македонија

Луксузното БМВ со кое Касами дојде на лидерската средба било на вујко му, газда на градежна фирма

Буквите на регистарската табличка на возилото, одговараат на иницијалите на споменатиот роднина на Касами Р.А.

На лидерската средба која завчера се случи во Клубот на пратеници,  градоначалникот на Тетово Биљал Касами и лидер на БЕСА која е дел  од владејачката коалиција ВЛЕН, пристигна со луксузно возило марка БМВ.

Откако јавноста реагираше на најмалку сто илјади евра вредното возило од тимот на Касами, велат дека возилото не е негово, туку дека тоа било позајмено откако неговото службено возило се расипало.

„Автомобилот со кој пристигнав не е моја сопственост, и покрај шпекулациите што кружеа во медиумите и социјалните мрежи. Тој автомобил беше користен привремено, бидејќи службениот автомобил моментално е на поправка. Мојот личен имот редовно се пријавува и е достапен за јавноста, во согласност со законот“, вели на Касами за СДК.

Повеќе медиуми објавуваат дека скапото BMW е во сопственост на негов вујко.

Буквите на регистарската табличка на возилото, одговараат на иницијалите на споменатиот роднина на Касами Р.А.

Богатиот вујко на Касами е сопственик на приватна градежна компанија основана пред 28 години

Таа соработувала и со јавни органи по пат на договори за јавни набавки.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top