Македонија

Каде е судијата кој сокрил 350.000 евра во ѕид

Од ОЈО ГОКК соопштија дека постојат сомнежи оти пронајдените пари созидани во куќата на неговите родители се незаконски стекнати

 

Нема информација дали судијата кој скрил 350.000 евра во ѕид е достапен на органите на прогонот.

Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера соопштија дека предметниот јавен обвинител деновиве ќе реши дали ќе побара притвор или друга мерка за Ристов, пишува МКД.МК.

Според МКД.Мк јавноста веќе три дена не може да добие официјална информација за тоа дали апелацискиот судијата Ѓоко Ристов ќе оди во притвор, дали е почната процедурата за одземање на неговиот имунитет, се подготвува ли теренот за домашен притвор… или пак одговорот е дека тој е веќе избеган во некоја од соседните држави.

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија

„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител ценејќи ги сите околности деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот за што навремено ќе информираме”, кусо одговорија од ОЈО ГОКК.

Согласно член 104 од новиот Закон за Судски совет, Советот со најмалку седум гласови од вкупниот број на членови на со право на глас (тринаесет членови), дава согласност по барањето за одобрување на притвор на судија и му го одзема имунитетот, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Во истиот член е пропишано дека постапката во која Советот дава согласност по барањето за одобрување на притворот на судија е итна и се спроведува во рок 24 часа од доставеното барање. Но, одговор и покрај нашето прашање за овие рокови, од ОЈО ГОКК – нема.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека постојат сомнежи оти пронајдените пари се незаконски стекнати, а постапката која резултираше со претресите е проширување на истрагата иницирана на 14 декември, кога беше осомничен адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Судијата Ѓоко Ристов од 2020 година е судија во Апелациониот суд во Скопје, каде во изминатите години одлучуваше во големи судски предмети во кои обвинети беа политичари, бизнисмени и лица со значителна моќ и влијание.

Најнови вести од: Македонија

Трамп веќе го „стави“ американското знаме на Грендланд и порача: „Нема враќање назад“!

Американскиот претседател Доналд Трамп не отстапува од идејата САД да го преземат Гренланд, додека европските лидери продолжуваат да се спротивставуваат на неговите барања. Тој сподели слика генерирана од вештачка интелигенција од себе заедно со Марко Рубио и Џ.Д. Венс, како го поставуваат американското знаме на Гренланд, со знак на кој пишува „Гренланд – територија на САД – формирана 2026 година“.

Судијата Ристов е во Обвинителството: се бара да оди во куќен притвор, се истражуваат 350-те илјади евра,најдени во ѕид

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска го сослуша осомничениот судија Ѓоко Ристов, при што му беа предочени сите досега прибрани докази, врз основа на кои се темели основаното сомневање дека ги сторил кривичните дела, што му се ставаат на товар.

Со традиционалното капење на рибарите во Охрид одбележан празникот Свети Јован Крстител

Десетина граѓани на Охрид, тајфата на Никола Јакимоски, кој вчера го фати Чесниот крст во Охрид, како и неколкумина гости во градот и туристи, денеска во типично зимски амбиент со врнежи од снег, влегоа во студените води на Охридското Езеро. На тој начин тие ја продолжија традицијата на охридските рибари на православниот празник Свети Јован Крстител да се капат во езерото за да го одбележат почетoкот на риболовната сезона.

To top