Македонија

Во најава поевтини мобилни услуги – Што ќе значи „4iG“ за Македонските граѓани?!

Премиерот се сретна со сопственикот на компанијата која ја доби дозволата за трет мобилен оператор. Денот, како што нагласува, го продолжиле на панел на кој со светските лидери и претставниците на мултинационални компании разговарале за предизвиците на човештвото во годините што следуваат.

Можни ли се поевтини пакет-услуги за Македонците, по најавите дека офивијално во земјава влегува трет мобилен оператор. Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, соопшти дека компанијата „Фор-ај-џи“ (4iG), која ја доби лиценцата за третиот мобилен оператор во Македонија, планира да инвестира повеќе од 100 милиони евра во развојот на своите услуги во земјата. Мицкоски истакна дека ова вложување ќе донесе нов конкурент на пазарот на мобилни услуги, што, според него, треба да има позитивно влијание врз намалување на цените што ги плаќаат корисниците.

  • „Граѓаните добиваат нова компанија која ќе нуди мобилни услуги и која, уверен сум, ќе влијае позитивно во намалување на трошоците за корисниците“, истакна премиерот од форумот.

Средбата со сопственикот на 4iG беше една од низата активности на Мицкоски во рамките на форумот, каде што тој учествува на панел дискусии со светски лидери и претставници на мултинационални компании за глобалните предизвици и можности за развој.

Мицкоски додаде дека Македонија како земја мора активно да се вклучи во глобалните инвестициони текови и да ја искористи можноста за привлекување капитал и технологија, особено во сектори што носат додадена вредност за граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top