Македонија

Денеска променливо облачно, за викендот одново снег

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до -5 степени Целзиусови, a максималните од 1 до 7 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува дека претпладне денеска ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои на повисоките места и на планините ќе бидат само од снег.

Попладне облачноста ќе се намалува. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до -5 степени Целзиусови, a максималните од 1 до 7 степени.

Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 4 степени Целзиусови.

Според најавата на УХМР, до сабота ќе биде променливо облачно со пораст на дневните температури, а од сабота повторно се очекуваат локални врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во недела.

Од недела попладне и навечер како и во понеделник ,Македонија ќе биде зафатена од нова, значајна промена на времето поради моќен циклон

Најнови вести од: Македонија

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Општина Кисела Вода денеска започна со интензивна теренска акција за справување со хаварисаните возила кои со години ги узурпираат паркинг местата, тротоарите и зелените површини низ општината

Самсунг (“Samsung“) ја задржа Број 1 позицијата на глобалниот пазар за комерцијални дисплеи 17 години по ред

Новиот извештај од индустријата ја потврдува лидерската позиција на Самсунг, додека компанијата го проширува своето портфолио на напредни дисплеи и интегрирани решенија за бизниси ширум светот

To top