Македонија

Јанкулоска: СЈО и сите таму беа „црпнати“

Ексминистерката за внатрешни работи „распали“ по расформираниот обвинителски орган за застарувањето на дел од предметот „Талир“

Поранешната министерка за внатрешни работи го впери прстот кон некогашното Специјално јавно обвинителство (СЈО) за застарувањето на дел од предметот „Талир“ за наводното незаконски финансирање на ВМРО-ДПМНЕ.

„Застарел дел од предмет што ниту можело ниту требало да биде предмет на кривично гонење, ако барем некои од оние кои се занимавале со него се држеле до законот, правдата и правото, а не се воделе од политички диктати. СЈО и сите таму беа ‘црпнати’ за да дадат одговор кој, кого и зошто незаконски прислушкувал со години, 24/7. Се занимаваа со сè освен со тоа за што беа формирани. Водеа кадровска политика во политичките партии преку политички прогон, ‘билдаа’ партиски рејтинзи за изборни цели, преку закани и притисоци одбираа владини партнери, не според освоени гласови, туку според дневно политички потреби, и сега проблем бил Кривичниот законик од 2023 (кој сам по себе е тема за посебна дебата). Не е ниту до тој ниту до кој било друг закон. До правниците е, кои во сè гледаа математика и тераа политика, си кркаа незаконски бонуси и десет години парадираа до судовите како холивудски ѕвезди и градеа метеорски кариери, ама не заради резултати или квалитет, туку заради сервилност кон претходната власт!“, коментира на Фејсбук една од жртвите на прогонот на расформираното СЈО.

Најнови вести од: Македонија

Македонската култура во фокусот на 35. Меѓународен саем на книгата во Абу Даби

Во рамки на програмата „Балканска култура – почесен гостин“, Македонија на посетителите им претставува дел од своето богато и повеќеслојно културно наследство, како и современата книжевна продукција

Модернизиран команден центар, „Безбеден град“ ставен во функција во Велес

Новиот команден центар е сместен во целосно реконструирани и реновирани простории кои во минатото биле користени од Министерството за одбрана, а потоа околу 15 до 20 години не биле во употреба. Со нивното ставање во функција, СВР Велес добива современ простор од кој се реализираат активностите поврзани со системот „Безбеден град“

Крст во чест на 63-те жртви од „Пулс“ поставен на влезот во Кочани

Овој крст ќе нè потсетува и на болката и трагедијата што се случи овде во нашиот град. На повредените нека им подари здравје, сила и поткрепа да закрепнат и дај Боже постојано да останеме во заедница, во љубов со Бога, со силата на крстот

To top