Бизнис

Димитриеска-Кочоска: Борбата против сивата економија се интензивира

Македонија е меѓу земјите во Европа со највисоки стапки на сива економија, што ја чини државната каса речиси 700 милиони годишно евра од неплатени даноци, покажуваат анализите. Над 80 илјади работници работат во неформалниот сектор, најмногу во земјоделството, градежништвото и трговијата. Државата работи на нејзино сузбивање.

Намалувањето на сивата економија останува еден од главните приоритети, потенцира министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска. Таа преку својот фејсбук-профил порачува дека воведувањето е-фактура, поврзувањето на институционалните системи, дигитализацијата на УЈП и Царината се дел од конкретните чекори што ќе овозможат поефикасна контрола и правичен даночен систем.

  • Целта не е да казнуваме, туку да создадеме услови во кои правилата важат за сите, а системот функционира транспарентно – наведува министерката.

Најнови вести од: Бизнис

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

Компаниите што исплаќале плати преку „АЛТА банка“ ќе можат да ја вршат исплата

Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти.

To top