Македонија

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

Цементара Усје не е причина за загадениот воздух во Скопје. Компанијата работи по сите стандарди и ги почитува законите, затоа не гледаме причина за дислокација. Вака техничкиот директор на Цементара „ТИТАН Усје“, Гоце Цветковски одговори на новинарско прашање, прашан за тоа како компанијата гледа на обвинувањата од страна на граѓаните дека се најголем загадувач на воздухот во Скопје но и на барањата за дислокација.

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката. Како што изјави денеска техничкиот дриектор Гоце Цветковски, веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во главниот град останува горе-долу исто. Цветковски е дециден дека „Усје“ работи согласно националното и европското законодавство, како и дека максимално ги почитува правилата на еколошката дозвола што ја поседува – правила кои, напомена, се многу построги од регулативата. Како што оцени, загадувањето на Скопје е мултифакториски проблем и затоа е несоодветно причината за загадувањето да се бара само на едно место.

  • Целосно ја разбираме загриженоста на граѓаните на Скопје за квалитетот на амбиенталниот воздух, но, сакам да кажам дека „Цементарница Усје“ не е причина за тоа. Голем број студии кои прават анализа на честичките во амбиенталниот воздух, го покажуваат нивното потекло и ниту една од нив не укажува дека индустријата е доминантен фактор. Од друга страна, „Усје“ има 24-часовен мониторинг што ја мери секоја секунда на секој оџак од производниот процес на фабриката. Сите овие мерења укажуваат дека компанијата целосно работи согласно националнто законодавство и европските директиви и во никој случај не е главниот причинител за загадувањето, потенцира Цветковски по средбата на главниот извршен директор на „Титан Усје“ Константинос Николау со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески.

Според Цветковски, нема основа за дислоцирање на фабриката како што бараат граѓаните и активистите, а компанијата е секогаш отворена за јавна дискусија на која точно би се дефинирала причината за загадувањето.

  • Со оглед дека компанијата работи по сите правила на игра и ги почитува законите, како и правилата на еколошката дозвола кои се построги од законодавтсвото, не би коментирал за дислокација зашто не гледам основа за тоа. „Титан Усје“ како дел од корпорацијата „Титан“ работи целосно во согласност со европското и националното законодавство. Немаме против отворена дискусија за реално наоѓање на проблемот. Инаку, согласно барањата на пазарот за цемент секогаш во зимскиот период цементарницата ги прави своите редовни ремоти. Исто е и оваа година. На 20 декември беше запрена едната производна линија, а на 16 јануари втората. Моментно веќе една недела компанијата целосно не работи, а загадувањето во Скопје останува горе-долу исто. Тоа уште еднаш покажува дека главната причина за загадувањето во Скопје не е „Цементарница Усје“, подвлече директорот.

Претходно, во дискусија со Азески, главниот извршен директор на „Титан Усје“, Константинос Николау, истакна дека целта на компанијата е нула нето емисии на јаглерод до 2050 година.

  • Безбедноста и здравјето за нас се приоритет и клучна определба. Уделот на јаглерод во нашите производи е сведен на минимум. Тоа е одраз на нашата грижа за животната средина. Во последните шест години „Титан Усје“ инвестираше 36 милиони евра од кои 4,5 милиони за подобрување на оперативното работење и еколошките стандарди. Тука се применуваат најдобрите индустриски практики. Секоја година реализираме по 6 – 9 милиони евра инвестиции. Следните три години планираме вложувања од 30 милиони евра, подвлече Николау, додавајќи дека повеќе од 70 години „Титан Усје“ е дел од заедницата и има А интегрирана дозвола.

Групацијата „Титан“ во светски рамки има преку 6 000 вработени, а „Титан Усје“, која придонесува со преку 50 милиони евра во македонската економија, брои повеќе од 500 директни и индиректни вработувања и дополнително, соработува со над 3 000 добавувачи. Азески оцени дека ја остварува посетата во сензитивен период, кога компанијата, како што рече, е нападната во јавноста. Тој повика на дијалог и во овој контекст понуди поддршка од Комората.

  • Треба да докажеме дека имаме капацитет за опстанок, за контролирање на ситуациите и за интеграција. Мислам дека тој испит ќе го положиме зашто враќање назад нема. Мора да се разговара за да се надминат проблемите. Тоа е единствениот начин. Придонесот на оваа компанија во државата е голем, Групацијата се шири, што потврдува дека е силна и дека работи согласно законите, потенцира Азески.

Истакна и дека овој случај конечно го отвори клучното прашање – заштитата на животната средина и развојот на индустријата.

  • Дојдов тука кога наша членка е нападната во јавноста. Не бегам од тоа, дојдов да изразам поддршка на менаџментот. Треба да имаме вин-вин ситуација, државата да овозможи компаниите да остваруваат профит, но во услови на максимално заштитена животна средина. Големи мултинационални компании се тука, а тоа значи дека ја гарантираат стабилноста на државата и на системот, рече Азески на средбата со Николау на која стана збор и за организирање меѓународна конференција, како и меѓународен мониторинг за загадувањето.

Најнови вести од: Македонија

Ангелов со план за сезоната на пожари: Ги повика пензионираните полицајци и војници за битката со огнот

Стојанче Ангелов најави ангажман на пензионирани полицајци, војници и поранешни припадници на безбедносните сили, кои по обука ќе помогнат во справувањето со пожарите низ државата

М-НАВ: Апелација ја потврди пресудата со која се забранува најавениот штрајк на ССКЛ

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) и ја потврди првостепената одлука со која се забранува организирањето на најавениот штрајк за октомври 2025 година. Веста денеска ја соопшти адвокатот Горан Николоски, правен застапник на Македонска навигација. Со оваа одлука, решението на Основниот граѓански суд Скопје стана правосилно, со што се оневозможува реализацијата на штрајкот кој предвидуваше ограничување на летовите и делумно затворање на македонскиот воздушен простор.

Владата на Македонија најавува шест автопати во исто време: ќе се градат Скопје – Блаце и Кичево – Букојчани, Кичево-Охрид конечно пред целосно завршување!

Во втората половина од годинава во Република Македонија истовремено ќе се градат шест автопатски делници, најави Владата. Според плановите, кон крајот на овој месец или на почетокот на следниот ќе започнат градежните активности на втората делница од автопатот Скопје – Блаце, додека во септември или октомври се очекува старт и на изградбата на автопатот Кичево – Букојчани.

To top