Македонија

Петровска: Ако СДСМ не почне да се менува, ќе биде маргинализиран, а во крајна линија ќе исчезне

Резултатите од локалните избори се катастрофални, оцени пратеничката и ексминистерка за одбрана, барајќи „демократски промени“

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на вчерашниот 31. Конгрес оцени дека резултатите од последните локални избори биле катастрофални за партијата и предупреди дека, ако не се направат промени во дејствувањето, им се заканува маргинализирање, па дури и исчезнување од политичката сцена на Македонија.

Не беше лесно да се зборува по два тешки изборни порази.

Не е лесно – но е обврска на секој социјалдемократ.
📉 Последниот изборен пораз е катастрофален, а воедно е и резултат на:
▪️ отсуството на дискусии за изборните порази во 2024 и 2021
▪️ како и недоволната анализа на резултатот од 2020 година
❗ Не смееме повторно да ја направиме истата грешка.
Социјалдемократијата е жива, но ако не почнеме да се менуваме, како партија:
▪️ ќе бидеме маргинализирани
▪️ а во крајна линија – ќе исчезнеме
🗳️ Предлог за демократски промени
Дадов предлог за статутарна измена со која:
✅ претседателите на општинските организации ќе се избираат непосредно од членството
▪️ а не, како досега, да ги назначува Претседателот на партијата
➡️ Со ова ја враќаме моќта на одлучување кај членовите.
🧠 Критичката мисла мора да опстои
Порачав дека критичката мисла е суштинска одлика на социјалдемократијата.
Но, за да ја расчистиме секоја дилема:
▪️ кој критикува
▪️ и од кои побуди
предложив политички ветинг за:
✅ сите сегашни и поранешни носители на функции
✅ членовите на раководството
🎯 Со цел да не ни се повторуваат непристојни јавни објави „едни против други“.
💡 Со добра стратегија и јасно дејствување:
✅ секој проблем станува предизвик
✅ секој предизвик – победа“, коментира на Фејсбук поранешната министерка за одбрана.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top