Македонија

„Звучи како нова песна на Харис Џиновиќ“: Коментар на Фејсбук за пораките од Филипче на Конгресот на СДСМ

Лавина реакции на социјалните мрежи како одговор на поентите од лидерот на петтата партија во Скопје од партискиот конгрес

„Ние сме лекот, ние сме гласот што грми, државотворноста ни тече низ вените“, се дел од пораките на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашниот 31. Конгрес на партијата, кои предизвикаа лавина реакции и коментари на социјалните мрежи.

„Ова звучи како нова песна на Харис Џиновиќ“, коментира Никола Гонод, очигледно алудирајќи на фотографијата со Филипче од забавата во Дубаи заедно со експремиерот Зоран Заев, на којашто (им) пеела регионалната турбофолк-ѕвезда.

Дел од другите коментари:

„Која државотворност, кога три пати го сменивте името“;

„Не треси глупости Венко, пропадна веќе СДСМ“;

„Вие сте историја, и тоа лоша историја“;

„Го видовме лекот. Нека. Благодарам“;

„Вие сте лелекот“.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

„Дали ти изгледам како идиот?!“ – сопственикот на „Авалон“ кон новинарка, која праша колку ќе чини концертот на Дејвид Гета

Дали ти изгледам јас како идиот? Вака сопственикот на „Авалон продукција“ Бобан Милошески, ѝ се обрати на новинарка, која на денешната прес-конференција го праша зошто досега не е објавено во јавноста колку ќе чини настапот на Дејвид Гета. Ова го објави порталот „360 степени“

To top