Македонија

(Видео): Брисел мора да најде решение за превозниците – во спротивно цените ќе растат, рече Муцунски

Министерот додаде дека постои редовна координација со министрите за надворешни работи од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел усогласен регионален пристап кон институциите во Брисел.

Говорејќи за протестите на превозниците кои втор ден по ред ги блокираат граничните премини во регионот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Тема на денот“ на Сител изјави дека проблемот е сериозен, но дека Владата веќе неколку месеци е во директна и активна комуникација со институциите во Брисел со цел изнаоѓање решение.

„Овие правила не се насочени само кон нашата држава, туку се применуваат кон сите земји од Западен Балкан, земји кандидати и држави кои не се членки на ЕУ. Од септември активно комуницираме со Европската Унија по двете клучни прашања – и за превозниците и за тарифите за челикот“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека Владата јасно укажала до институциите во Брисел дека евентуалната примена на овие мерки ќе има сериозни економски последици за државата и регионот.

„Доколку се применат мерките за превозниците и тарифите за челичната индустрија, цената што ќе ја платиме ќе биде четири до шест пати повисока од средствата што би ги добиле од Планот за раст, дури и во најоптимални услови“, рече министерот.

Муцунски оцени дека е неприфатливо земјите од регионот да бидат ставени во иста група со држави како Русија, Белорусија, Северна Кореја или Кина, кога станува збор за трговски рестрикции. Како што посочи, ова прашање е отворено и на највисоко политичко ниво, вклучително и преку директна комуникација со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Европската Унија е свесна дека постои проблем и работи на изнаоѓање решение, но не сме задоволни од динамиката. Нашата обврска е да продолжиме со притисок, да нудиме конкретни решенија и да настапуваме координирано како регион“, нагласи Муцунски.

Министерот додаде дека постои редовна координација со министрите за надворешни работи од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, со цел усогласен регионален пристап кон институциите во Брисел.

„Доколку Европската Унија е искрена во намерата за интеграција на регионот, нема да дозволи примена на мерки кои толку сериозно ќе ја нарушат економијата и ќе предизвикаат колапс на транспортот и синџирите на снабдување“, порача Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

To top