Македонија

(Фото): Надојдената вода за само 10 минути однесе 120 јагниња и 100 овци

Надојдената вода од реката Тркања вчера попладне однесе 120 јагниња и 100 овци од шталата на Никола Колев во селото Костурино, лоцирана на местото Шепово. Според сопственикот, сѐ се случило за помалку од 10 минути, а надојдената вода носела сѐ пред себе.

Силното невреме и обилните дождови предизвикаа катастрофални штети во струмичкиот регион. Најкритично е во селото Костурино, каде во налетот на водата загинаа повеќе од 100 јагниња и овци. Поплавени се и земјоделски површини, а земјоделците се по своите ниви и се обидуваат да го спасат она што може да се спаси. На терен се и повеќе багери кои помагаат за намалување на штетите. Денеска, состојбата полека се стабилизира, информираат од Центарот за управување со кризи.

  • Состојбата е стабилизирана и се бележи опаѓање на водостојот на реките Струмица и Тркања, иако на одделни места сè уште има појава на заезерување. Поради излевањето на реката Тркања кај селата Сачево и Муртино поплавени се поголеми површини земјоделско земјиште, пластеници, како и дворови на куќи во с. Муртино. Во текот на денот ангажирани се 5 булдожери, 5 камиони со песок и 1 багер за интервенција на критичните локации. Пријавено е дека надојдените води од реката Тркања кај месноста Шепово однеле 120 овци и 100 јагниња, сопственост на жител од с. Костурино. Реката Плаваја во с. Подареш е со зголемен водостој. Екипи на ЕЛС Радовиш и ЈП „Плаваја“ извршиле санација и состојбата е ставена под контрола, без опасност од излевање, велат од ЦУК.

И покрај обилните врнежи од дожд што во изминатиот период ја зафатија речиси целата територија на земјава, засега нема ризик од излевање на реките во источна Македонија, уверуваат од „Водостопанство Брегалница“ – Подружница Кочани, од каде посочуваат дека состојбата на водостоите во источниот регион внимателно се следи и дека сите водотеци се во рамки на нормалата.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре кон крајот на денот и в четврток, повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. В петок и в недела ќе преовладува претежно облачно време, со услови за слаби локални врнежи од дожд и снег, а в сабота и в понеделник ќе биде променливо облачно.

Најнови вести од: Македонија

Соопштенијата на СДС им се пишувани со ChatGPT, користат ВИ, а се против дата-центри

Утрото пишуваат соопштенија со ChatGPT, во моменти кога на Заев му се полни телефонот на јахтата на Егејското Море, потоа СДС користи вештачка интелигенција, но затоа се против дата-центри, а се за садење марихуана, зашто бате Вице е во тој бизнис

To top