Македонија

Македонците ја тужат владата на Еди Рама пред управниот суд во Тирана

Поради одлуката на владата на Рама за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) денеска поднесла тужба до Управниот суд во Тирана против Владата на Албанија,.

Тужбата е поднесена поради одлуката на владата на Рама за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец, општина во која живее македонско национално малцинство.

 

Со тужбата јасно се бара изземање на општина Пустец од државниот план за отворање центри за мигранти, бидејќи одлуката е донесена без консултација со локалната самоуправа, без јавна расправа и без почитување на правата на локалното население.

 

МАЕИ оценува дека оваа одлука претставува директно загрозување на интересите, безбедноста и демографската стабилност на македонската заедница во Општина Пустец и е спротивна на Уставот, законите и меѓународните обврски што Албанија ги има преземено за заштита на националните малцинства.

 

,,Ќе продолжиме со правна и институционална борба сè додека не се заштитат правата и достоинството на македонската заедница”, велат од МАЕИ.

Најнови вести од: Македонија

„Н.М.“: Брисел зборува за „прва и втора ЕУ-лига“, а Трамп ја смести Европа во трета лига!

„Кога американскиот претседател Доналд Трамп деновиве напиша дека ‘Европа станува земја од Третиот Свет’ не употреби само навредлива политичка квалификација. Во јавниот говор денес ‘Трет Свет’ најчесто се користи како синоним за сиромаштија, хаос, криминал, корупција, неразвиеност и нефункционални институции. Со текот на времето, поимот почна да означува не политичка припадност, туку степен на развој. Европа во неговата порака претставува пример што, според него, САД треба да го избегнат.“ – се нагласува во анализата со наслов „Брисел зборува за ‘прва и втора ЕУ-лига’, Трамп ја смести Европа во трета лига“, која ја објави весникот „Нова Македонија“.

Стојаноски: Ќе прифатиме сè што ќе договорат опозициските партии, ако остане гласањето на дијаспората

Стојаноски денеска ја повика опозицијата да постигне договор за измените на Изборниот законик, нагласувајќи дека владејачкото мнозинство ќе ја поддржи секоја варијанта што ќе ја усогласат опозициските партии

To top