
„Постојат две можни опции: да останеме во НАТО и да ги плаќаме членарините или да ја напуштиме алијансата“, рече премиерот Роберт Голоб.
Словенците ќе гласаат на советодавен референдум за зголемување на трошоците за одбрана на три проценти од бруто домашниот производ (БДП), како што е предвидено во неодамна усвоената резолуција во парламентот на земјата.
Референдумот го предложи владејачката Левица партија и го поддржа СД (Социјалдемократи), откако премиерот Роберт Голоб се согласи да ги зголеми трошоците на пет проценти од БДП на самитот на НАТО во Хаг.
Двете партии тврдат дека на Голоб не му е даден мандат да одлучува за ова прашање во име на целата влада, чии членови се и тие.
Иако опозициската СДС на Јанез Јанша и Нова Словенија се за зголемување на трошоците, тие го поддржаа предлогот на партијата Левица.
Јанша го поврзува резултатот од референдумот со довербата на граѓаните во владата на Роберт Голоб.
Како одговор на претстојниот референдум, најголемата владејачка партија, Слобода, најави поднесување на иницијативата за референдум за идното членство на Словенија во НАТО.
„Постојат два можни пата: остануваме во алијансата и ја плаќаме членарината, или ја напуштаме алијансата. Сè друго е популистичка манипулација со граѓаните“, рече Голоб, чија влада јавно покажува превирања за прв пат од нејзиното формирање.
Словенија, патем, е на самиот врв на земјите скептични кон НАТО, според анкетите на јавното мислење спроведени од НАТО, јавува Ал Џезира.