Македонија

Филков: Шверцот со мигранти е една од најбрзо растечките форми на организиран криминал во светот

Потребно е справување со криумчарењето мигранти и преку пристапот „следи ги парите“, поддржан од ефективна меѓународна соработка

 

Криумчарењето мигранти е една од најбрзо растечките форми на организиран криминал во светот – сериозен безбедносен и хуманитарен предизвик со кој ниедна земја не може сама да се справи.
Ова е оценка на министерот за правда Игор Филков кој учествуваше на настан посветен на новиот пакет мерки за миграција и азил, организиран од Националната конвенција за Европската Унија во Република Македонија.

Министерот потсети дека Македонија ги ратификувала сите релевантни меѓународни инструменти, вклучително и Протоколот на Обединетите нации против криумчарење мигранти. Сепак, главниот предизвик останува доследното спроведување на стандардите и зајакнувањето на меѓународната соработка.

„На национално ниво, улогата на надлежните органи во откривањето, гонењето и пресудувањето на овој вид криминал е важна. Потребно е справување со шверцот на мигранти преку карактеристичните инструменти на борбата против организираниот криминал. Во овој контекст, пристапот „следи ги парите“, поддржан од ефективна меѓународна соработка, е од суштинско значење, особено со оглед на растечкото влијание на модерните технологии врз начинот на кој се извршуваат овие кривични дела.

Затоа, финансиските истраги насочени кон криминалната инфраструктура претставуваат клучен сегмент во борбата против овој феномен“, рече Филков.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top