Македонија

Заврши тестирањето на камерите од„Безбеден град“ во Куманово

СВР Куманово

Завршени се тестирањето, калибрацијата и верификацијата на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор во рамките на проектот „Безбеден град“ во Куманово, информираа на денешната прес-конференција од СВР Куманово. Од таму наведуваат дека во иднина е предвидено надградување на системот и поставување нови камери и функционалност на камерите за детектирање сообраќајни прекршоци.

– Доколку граѓанинот смета дека не го сторил прекршокот, има можност да поведе постапка пред судот за прекршоци, при што МВР ќе ги достави сите докази со кои располага и судот е надлежен да се произнесе за исходот од постапката. Инаку, на подрачјето на Куманово во текот на 2025 година биле изречени 889 платни налози за управување возило со брзина поголема од дозволената, 1.007 за недозволено паркирање, 29 поминување на црвено светло и 364 нерегистрирани возила – изјави портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.

Отсекот за превенција од Општина Куманово и полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата во текот на неделава спроведуваа превентивни активности на разни локации во градот и периферните населби со цел информирање на возачите и други учесници во сообраќајот за официјалиот почеток на функционирањето на безбедносните камери од проектот „Безбеден град“.

Од полицијата апелираат возачите и учесниците во сообраќајот одговорно да се однесуваат, да ги почитуваат правилата и прописите со цел да се намалат сообраќајните незгоди и да се спречат несакани последици истовремено овозможувајќи слободни тротоари за сите пешаци.

 

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top