Македонија

Косово забрани увоз на овци и кози од Македонија

Одлуката на косовската Агенција за храна и ветеринарство е резултат на извештаите за заболување кај овие животни во липковско

Косовската Агенција за храна и ветеринарство објави дека забранила увоз на овци и кози од Македонија.

Забраната е резултат на официјални извештаи од ADIS и Светската организација за здравје на животните (WOAH), кои потврдија присуство на заболување кај овците и козите во регионот на Липково.

„Во согласност со Законот за ветеринарство бр. 2004/21, увозот на живи овци и кози, како и нивните нуспроизводи (кожи и волна), е забранет, вклучително и производи што потекнуваат од овие животни кои не се термички третирани или кои потекнуваат од Република Северна Македонија. Оваа мерка стапува на сила веднаш и ќе остане во сила до понатамошна проценка на ситуацијата од страна на надлежните меѓународни органи, како и од Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Косово“, се наведува во соопштението.

Најнови вести од: Македонија

Психологот Атанасова: Недостигот на емпатија клучен фактор за меѓуврсничкото насилство

Случаите на меѓуврсничко насилство, како неодамнешниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, се сигнал дека кај младите се јавува недостиг на емпатија, а зад насилното однесување најчесто стојат повеќе причини, меѓу кои потребата за докажување моќ, наталожен бес и гнев или уверување дека сторителите ќе избегнат одговорност, оцени Кристина Атанасова, психолог во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

To top