Македонија

Се бара одложување на примената на новиот закон за заштита од пушење

Новиот предлог-закон за заштита од пушење е еден од најдобрите закони што директно го засегаат здравјето на сите наши граѓани. Да ја заштиме повозрасната популација, но и она што е најбитно – и најмладите н- изјави денеска проф. д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и труд. Како што информира денеска министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, идната недела најверојатно ќе се одржи уште еден состанок на кој ќе бидат присутни и тој и министерот за здравство, а ќе се разгледаат сите можности. Дурмиши не кажа дали можеби ќе се пролонгира имплементацијата на Законот која треба да почне од 1 март, но напомена дека целта е грижа за јавното здравје. На претстојниот состанок, потенцира, ќе се донесе одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите.

  • Ги слушнавме забелешките на угостителите кои побарале одреден временски период до стапување во сила на Законот, односно да одиме прво со кампања па потоа со информација додека почне примената, за да бидат на некој начин подготвени. Ние ќе им повториме која е целта и на крај ќе донесеме одлука што ќе биде прифатена од сите засегнати страни, вклучувајќи ги и угостителите – изјави Дурмиши, одговорајќи на новинарски прашања по настанот во Владата на кој беше презентиран Законот за работно ангажирање лица.

Да ја заштиме повозрасната популација, но и она што е најбитно – и најмладите н- изјави денеска проф. д-р Оливер Зафировски, директор на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје.

Според статистиката, како што истакна, границата за консумирањето тутун веќе е падната на 12 до 14 години и сè повеќе млади деца почнуваат со користење тутун.

  • Она што е пострашно е што сè повеќе во мода се електронските цигари. Иако има пропаганда дека тие воопшто не се штетни, напротив, тие се штетни и даваат долготрајни и тешки последици за нежните бели дробови на децата. Даваме поддршка затоа што ова не е казна, туку сакаме директно да ги заштитиме како помладите така и возрасните луѓе бидејќи една од основните причини за појава на белодробен карционом е никотинот, односно пушењето цигари – рече Зафировски.

Одговорајќи на новинарско прашање за откажување од пушење, Зафировски рече дека на Клиниката имаат психолог и цел дел кој работи за одвикнување од никотинска зависност.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top