Македонија

За затемнети стакла на возилата, казнети 101 возач

Не ги исполнуваат условите утврдени со закон

 

Министерството за внатрешни работи информира дека во рок од еден месец, односно од 01.01.2026 до 31.01.2026 година, Полицијата спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Македонија за казнување на возачите на возила кои не ги исполнуваат условите утврдени во однос на затемнети стаклаа на возилата.

„За време на контролите, казнети се 101 учесник во сообраќајот. За сите прекршители се подготвени соодветни акти. Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и закони, заедно да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова ќе ја посети изложбата „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“ во Братислава

На изложбата се претставени дела од македонските уметници Ана Митевска, Ангел Коруновски, Лазе Трипков и Александра Костадиновска, а куратор е Кирил Пенушлиски

Медицинскиот тим се поклони кон починатиот органодарител

Со длабока почит кон починатиот органодарител и со искрена благодарност до неговото семејство, медицинскиот тим оддаде чест на една од најхуманите одлуки што може да се донесе во миг исполнет со најдлабока болка и тага

За пет месеци регистрирани над 100.000 прекршоци

Сообраќајните експерти велат дека за поголем сообраќаен ред не можеме да се потпреме само на системот „Безбеден град“. Недостасува полициско присуство на патиштата и потребни се повеќе инвестиции во сообраќајната инфраструктура

To top